Кафе муабет
Ја направи “Ѕвезда” а таа го остави за друг- Ова е првиот маж на Ана Бекута со кој беше заедно десет години!
Пејачката ужива во врска со поранешниот министер...
Многумина не знаат дека познатата пејачка Ана Бекута на почетокот од својата кариера живееше во невенчана заедница со музичарот од Шабац, тапанарот Предраг Видовиќ Преј, десет години.
1981 година беше пресудна за Ана. Предраг Видовиќ се врати во Шабац во раните 80-ти години по ангажманите во Германија и Америка. Сфаќајќи дека може да заработи подобро од фолк музика, Видовиќ го смени музичкиот правец и заедно со неговиот бенд објави конкурс за пејачка.
На конкурсот се појавила тогаш анонимна девојка Неда Полиќ, а потоади називот на бендот на Преја „Анбе“ настанало и нејзиното уметничко име Ана Бекута.
Заедно со Предраг Видовиќ, Ана започна сериозно да се занимава со музика. Додека работеле, тие се зближиле приватно и биле во врска цели десет години.
Музички соработуваа одлично, а покрај тоа, романсата на Ана и Преја траеше десет години и тие живееја во невенчана заедница.
Predrag Vidović Preja, prvi muž Ane Bekute. pic.twitter.com/q7K6ENCXl3
— babura velika (@BaburaVelika) April 20, 2017
На една од нејзините турнеи, во раните 90-ти, Ана се зближила со клавијатуристот Слободан Смакиќ. Во 1992 година, таа ги напушти Преја и Шабац засекогаш и се пресели во Белград. Живеела и работела со Слободан до 2000 година.
После тоа Ана имала неколку кратки врски, се до 2012 година кога Бекута за среќа го пронајде својот сегашен партнер Мулитин Мркоњиќ.
Денес, Бекута е во среќна врска со поранешниот министер Милутин Мркоњиќ. Иако тој официјално не се разведе од сопругата Драгана, сепак тоа не им пречи на Ана и Милутин со години да уживаат во хармонична врска.
„Тој не излегува од кујната. Милутин секогаш вели дека мајка му го научила дека само едно лице може да биде во кујната, сака да каже и дека работата го оплеменува набљудувачот. Јас сум некој што сака да му угодува, имаме ние наши ритуали, утринско кафенце со кое најмногу зборуваме и правиме планови. Утрото е нашиот период“ раскажа Бекута во една прилика и додаде дека никогаш не помислила, но и не пожалила зошто не се сретнале порано во животот.
Се сретнавме кога требало и кога бевме подготвени еден за друг. На мене ми требаше потпора каква што е тој. Му се заблагодарувам на универзумот што Милутин е тука. Веќе осум години сме во љубов“, изјави Ана.
Пејачката се врати и неколку години наназад, кога Мрка даде оставка на позицијата министер заради неа.
„Тоа беа тешки времиња за нас двајцата, негодувањето на јавноста, односно на медиумите. За да ги сопреме сите такви приказни, тој во 2013 даде оставка, па појде на важен состанок во партијата. Јас на вестите слушнав дека дал оставка. Не навлегував во тоа, верував дека ќе донесе вистинска одлука за нас. Така и беше. во истиот момент кога даде оставка не оставија на мир.
Јас бев колатерална штета бидејќи знаеја дека најмногу ќе го боли ако мене ме стават во текст. Но по оставката сопреа. Љубовта победи. Милутин е тој што влечеше важни потези во нашите животи и го почитувам неговото мислење и за мојот син, внуците. Тој навистина навива за сите нас и има важни совети, полн е со искуство, а притоа и добронамерен и секој од нас го сака и почитува“.
Многумина очекуваа дека следниот логичен чекор во нивната врска е брак, но Ана го демантираше.
„Не, нема да се мажам. Не можам да бидам повеќе мажена за Милутин од она што сум сега“, изјави таа.
Таа зборуваше и за предрасудите што ги имаат луѓето во љубовта.
„Тие имаат предрасуди бидејќи не знаат кои сме. Кога ќе не запознаат и сфатат како функционираме, ќе кажат, Господе, па јас немам таква љубов, би сакала таква личност покрај себе. Ние се сретнавме во зрели години, а често ни приоѓаат млади, жени, кои ни велат дека им даваме надеж и вера во вистинската љубов. Тоа е суштината“ – раскажа Ана и откри дека планира да напише автобиографија.