Бременост
Едни од најубавите работи во бременоста кои понатаму ќе ви недостасуваат
Веруваме дека ќе се пронајдете во поголем дел од овие работи.
Во бременоста не знаеме да цениме многу работи, но понатаму, кога ќе се најдеме во други животни фази, ќе се сетиме на моменти за кои ќе сфатиме дека навистина сме уживале.
Неверојатна тајна која ја имате само за себе
Времето поминато од моментот кога ќе го видите позитивниот тест, па се’ до тогаш кога ќе им објавите на вашите блиски, е навистина посебно. Никој друг, освен вашиот партнер, не знае дека во себе ја носите најубавата и најголемата тајна.
Многу подоцна ќе сфатите колку убаво било чувството кога ќе си ја ставите раката на стомакот и само ќе се насмевнете.
Сите оние лекарски прегледи
Да, навистина. Дури и кога поминал само обичен преглед на кој требало да ги правите рутинските тестови… Понатаму ќе ви недостигаат сите прашања како: Како се чувствуваш? Ќе ви недостига лежањето и слушањето на бебешкото срце или гледањето на тоа мало срце на екранот кај вашиот лекар.
Попуштање на самата себеси
За време на бременоста, едноставно жените се во можност самите себеси да си дадат дозвола да го намалат темпото на работа. Па што ако не сте чистеле со правосмукалка цела недела? Бремени сте. Барем добро се држите.
Радосно исчекување на бебето
Иако одвреме-навреме може да ви изгледа дека бременоста ви трае вечно, малку работи може да се споредат со возбудата околу одбројувањето до мигот кога прв пат ќе се сретнете со вашето бебе.
Заокружениот датум на календарот го означува доаѓањето кое засекогаш ќе го промени вашето семејство.