Кафе муабет
Конечно радост во домот на Дарко Лазиќ: Честитки пристигаат од сите страни- пејачот и неговата свршеница пресреќни!
Три години од нивната љубов...
Пејачот Дарко Лазиќ помина низ неверојатно тежок период, и се уште закрепнува од загубата на својот татко.
Лазиќ изминатиот период имаше бројни проблеми, а најтешкиот удар во неговиот живот се случи кога неговиот татко Милан по ина ненадејно. Сепак, сега Дарко Лазиќ конечно успеа да се израдува.
Тој заедно со неговата свршеница Марина Гагиќ, ја пронајдоа вистинската среќа во љубовта. Освен што таа му го даде неговиот син Алексеј, кој е извор на нивната неизмерна радост, таа му беше најголема поддршка кога неговиот татко Милан по ина поради компликации по опepацијата за намалување на желудникот.
Марина е мојата најголема поддршка, рече тој во моменти на најголема болка, а сега и покажа благодарност на својата свршеница со емотивни зборови кои и ги упати на денот на третата годишнина од нивната љубов.
Дарко Лазиќ и неговата свршеница Марина Гагиќ слават три години љубов, а пејачот не ја крие радоста што таа е дел од неговиот живот.
– Благодарам многу, драги мои, не очекував ништо помалку од вас. Што се однесува до мојата Марина, јас ја обожавам, таа е мојот гулаб. Мислам дека секој знае колку се сакаме и колку се грижам за неа. Денес славиме три години и сакам да ја љубам и во нардните години, барем уште 300 години “, рече тој за “Detoxic”.
Сака Марина да му роди пет деца!
Откако во октормври 2018 година доживеа тешка cooбраќајна несреќа, последиците се уште ги трпи.
Во периодот на опоравувањето поддршка доби од најблиските, родителите, но и неговата избраничка Марина Гагиќ. Во јуни 2019 година му стигна најголемата поддршка, му се роди синот Алексеј – нова животна радост и двигател. Пејачот во интервју за Стори открива дека наследникот во неговиот живот му донел нова животна радост.
– Алексеј ни донесе нова радост. Обожувам кога сме заедно. Меѓутоа, морам да признам дека не сум многу ажурен кога треба да се менува пелена, прособлекува или храни. За сите тие работи е задолжена Марина. Се договоривме таа да се грижи за него додека е мал, а јас улогата ќе се преземам нешто подоцна, кога ќе порасне истакна Дарко во едно интервју.
Дарко Лазиќ поради прекумерната тежина мораше пред некое време на итна опeeрација. Тој направи лапаpoскопско намалување на желудникот, после кое ги промени животните навики и драстично ослабе и го смени својот изглед.
Пејачот по раѓањето на Алексеј посака и трето дете.
– Кај Дарко нема чекање, тој сака се дега и веднаш. Посака трето дете веднаш штом му се роди синот, но Марина му објасни дека е подобро малку да почекаат, истакна извор за „Информер“ и додава:
– Тој обожува деца и на Алексеј му е целосно посветен. Многу страда по ќерката Лорена, која ја доби со Ана Севиќ, со која не може да биде секој ден. Желба му е да има полн двор деца.
– Марина и јас нема да запреме на едно дете и едвај чекаме да добиеме бебе. Сакам Марина да ми роди уште пет деца! Што повеќе, тоа подобро! Никогаш доволно од деца, порачува Лазиќ.
Не ја гледа својата ќерка!
Познатиот фолк пејач Дарко Лазиќ минатата година во октомври истакна дека не ја гледа својата ќерка што ја има од првиот брак со Ана Севиќ.
„Лорена го виде Алексеј пред година дена и беше воодушевена. Многу е паметна, сака деца, нема тука љубомора, јас не правам разлика меѓу децата. Ќе бидам искрен, ќе ги воспитувам да не бидат како јас. Нема многу убави работи поврзани со моето минато“, изјави Дарко, па продолжи:
„Лорена ја видов последен пат пред година дена, тоа морате да ја прашате Севиќ. Ми недостига најмногу на свет, би дал се да ја видам барем на еден час, на минута. Тоа што Ана и јас не решивме некои работи, само и кажав дека ќе ги решиме, но таа нема мене да ми наштети, туку на детето. Секое дете има право да биде со биде со својот татко, не е убаво преку детето да ме саботира…
Тие се важни, ние сме тука да ги заштитиме, како и секој родител што нормално размислува. Веќе ми е преку глава од вакви работи. Гледам дека луѓето би направиле се само себеси да се измијат. Јас ако не сум задоволен, нема да има ни жена, ни девојка, ни дете“, изјави популарниот пејач во емисијата Премиера – викенд специјал“.