Дом и семејство
ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Оваа мајка 10 години нема купено нова облека- еве зошто решила да не троши пари на нови парчиња !
Заштедила многу пари...
Иако ви звучи неверојатно сепак е вистина. Оваа 47 годишна мајка на две деца цели десет години не купила нова облека.
Имено Килпатрик е самохрана мајка која веќе десет години не отишла на шопинг и не купила ново парче облека.
Се што и било потребно набавувала од продавниците Second hand, или пак позајмувала од своја пријателка и открива дека токму така заштедила многу пари, пренесува Мирор.
На својот профил на Инстаграм, таа споделува фотографии од комбинации на облека и совети за тоа како да купувате паметно и да ја заштитувате околината секој ден. Она што е најинтересно кај оваа 47-годишна мајка е тоа што таа носи претежно дизајнерска облека, а некои од парчињата се носени само еднаш или никогаш. Иако порано трошеше многу пари месечно за нова облека, денес таа гордо зборува за својата штедливост.
– Ги носам критиките на луѓето за местото каде што купувам облека како медал – рече таа.
– За мене е страшно што по неколку носења, луѓето фрлаат облека за која им требало толку многу енергија за да заработат и пари за да ја купат. Со овој начин на купување, имам многу повозбудлива, но и далеку поквалитетна облека во споредба со порано – рече таа. На прашањето што друго ја поттикнало да започне да посветува толку многу внимание на тоа што купува и каде, Ана вели дека го сменила погледот кон модата во 2008 година кога се преселила со своите двајца синови во селото Форест Ров, во источен Сасекс – далеку од брзиот начин на живот и улица со бутици од популарни брендови кои веќе не беа лесно достапни за неа.
Таа преку Инстаграм сака да ги охрабри луѓето да започнат да живеат на овој начин на живот.
Во продолжение уште неколку модни комбинации на Ана…