Кафе муабет
Чај од куркума – го зајакнува имунитетот и ја чисти кожата
Куркума - нешто што мора да го имате во вашата кујна.
Уште од одамна куркумата се користи во азиската кујна и медицината. Оваа билка е најпозната како зачин за многу јадења, но е многу повеќе од тоа. Не само што додава интересна арома секаде каде што ќе се најде, туку има и голема корист за здравјето.
Кои се ефектите од овој здрав чај?
Го зајакнува имунитетот и спречува воспаленија
Куркумата делува како моќен антиоксиданс кој придонесува за баланс во организмот. Им помага на клетките да останат здрави и да се борат против грип и други болести. Куркуамата воедно помага и во спречувањето на воспалението и ги олеснува симптомите поврзани со алергија, псоријаза, дијабетис, кардиоваскуларни боелсти, депресија, дури и Алцхајмерова болест.
Добра е за кожата
Неодамна се појавиле податоци за тоа дека куркуамта влијае и на коажта и помага при олеснување на многу дерматолошки проблеми. Од куркумата може да направите и маска за лице за да ги зголемите ефектите.
Го подобрува расположението
Не само што куркумата е корисна за луѓето кои веќе имаат здравствени проблеми, туку и за оние кои се целосно здрави. Куркумата ја ублажува напнатоста во мускулите и некои истражувања покажале дека позитивно влијае на нашето расположение, а воедно добро влијае и на концентрацијата и на памтењето.