Бебе

ОВИЕ БЛИЗНАЧКИ СЕ РОДЕНИ СО РАЗЛИКА ОД 22 ДЕНА: Тие се вистински борци- еве како изгледаат денес!

Јелена е пресреќна мајка на две близначки...

Оваа необична приказна за близначињата кои се родени во различни денови, го освои регионот. Имено Малата Хелена е предвреме родено бебе со само 820 грама, а нејзината сестра близначка Дуња се роди 22 дена подоцна и тежеше 1.040 грама.

 

фото Фејсбук

 

Мајката Јелена Миладинов (28) која работи како медицинска сестра и е од Белград, ги нарекува своите ќерки две диви. И навистина, тие се хероини и се доказ дека животот е чудо.

Јелена останала бремена благодарение на ин витро оплодување.

Нејзиниот трансфер на ембрион е извршен во мај.

фото фејсбук

– Бременоста се одвиваше нормално, сè беше во ред се до 24-та недела, кога имав крварење. Отидов во болница. Видоа дека едно бебе веќе почнало да излегува и со помош на лекови го одложивме породувањето за 26-та недела. Јелена била свесна за можноста за предвремено породување, имајќи предвид дека носи близнаци, но не очекуваше дека тоа ќе се случи пред 35-та недела и дека бебињата ќе се родат толку рано.

фото фејсбук

 

На 14 октомври минатата година се роди Хелена, а  Дуња е родена на 5 ноември.

 

фото блиц.рс

 

– Ја видов Хелена веднаш штом ја родив, пред да ја префрлат во институтот. Таа беше навистина мала. Бев многу исплашена … Му реков на докторот дека не е моја, а тој ми рече: „Всушност твоја е“. Детето не го видов месец и половина се додека не излегов од болницата – вели Јелена.

Фото Блиц.рс

Лекарите предвидоа дека нејзината сестра близначка Дуња ќе се роди во јануари, но три недели подоцна таа повторно крвавеше:

– Имајќи предвид дека е родена со 200 грама повеќе, изгледаше буцко и позрело. Вистинско бебе, само што беше помало – истакна Јелена за Србија данас.
 

Близнаците родени со разлика од 22 дена за прв пат имаа можност да се сретнат на интензивна нега:

– Кога отидов да ги видам на 7-ми ноември, едната беше во еден дел од интензивна нега, другата во друг. Тие ги поврзаа кога отидоа на полуинтензивна нега – наведува таа. Дуња прво беше пуштена од болница, а потоа и Хелена по 15 дена. На родителската среќа и немаше крај.

– Би им порачала да веруваат во своите херои да не ја потценуваат силата на толку мало суштество, бидејќи тие се борци уште од раѓање – заклучува Јелена.

“Мојот случај е специфичен токму поради тоа што двете бебиња се разлика 22 дена, иако се близначки. За тоа е заслужен докторот кој даде се од себе за да ги спаси моите деца. По првото породување повторно беше ставен серклаж и мирував се до 29 недела кога Дуња дојде на свет. Моите деца денеска се добро, но стравот на почетокот беше голем. Хелена беше родена со 820 грама, а Дуња во 29 недела со 1.040  грама.

Сега, кога сè е готово и девојките се во ред, Јелена вели дека сега ужива во слатките маки со нив.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close