Новости
ОВАА ЖЕНА ГО СПАСИЛА ОД УЛИЦА: Џеј за неа зборуваше со солзи во очите, велеше дека е негова втора мајка!
Утре ќе се одржи помен во чест на Џеј...
На 6-ти декември естрадата беше завиена во црно, бидејќи засекогаш не напушти еден од најпознатите пејачи Џеј Рамадановски.
Исполнета беше последната желба на Џеј, а тоа била да биде испратен во вечниот дом со 50 виолини.
Така и се случи 50 виолини ја отсвираа песната на Рамадановски „Недеља“ која оваа беше автобиографска до самиот крај.
Џеј беше омилен меѓу колегите, и веста за неговата сmрт многумина ги разочара.
Тој пораснал во центарот на Белград, а соседите секогаш го опишувале како вечен боем и весел човек.
Жителите на Доржал го паметат Џеј по неговите „мали нозе“, па се раскажува како тој работел во продавница за бои во поправниот дом. Тој не ја задржа работата долго време, па си даде отказ по седум дена. На своите пријатели им велел:
„Одам чист а излегувам целиот со црвена боја“
Џеј Рамадановски заврши основно училиште во „Браќа Барух“, а токму таму беше една жена која го спаси од улица, и на која и беше благодарен за целиот постигнат успех.
Се вика Даница Пекиќ и му беше учителка. Даница го најде Џеј на улица како плаче и го донесе на училиште за да започне да учи.
Џеј во една прилика изјави дека таа за него била како мајка и да не беше таа, тој никогаш немаше да тргне по вистинскиот пат. Му купила книги, облека и се грижела за него.
Џеј за неа зборуваше низ солзи бидејќи ја сакаше и почитуваше како втора мајка.
Во среда, на 13 јануари, на Новите гробишта во „Алејата на заслужни граѓани“ ќе се одржи 40-дневна панихида за Џеј.
Џеј Рамадановски пoчинa на 56. години во стан во Белград каде го помина целиот свој живот.
Неговиот живот го одбележа тешкото детство, тој од најрано детство бил сиромашен а на 11 години бил сместен во еден поправен дом во Белград.
– Навечер кога ќе легнам низ глава ми поминуваат разни слики од минатото.
„Често го сонувам поправниот дом. За целиот мој престој таму, мајка ми еднаш не ме посети, доаѓаше само мојот татко“, раскажал Џеј.
„Мајка ми се грижеше за сестрите, а татко ми за мене. Често плачам поради тоа. Во мојата група во домот имаше 12 проблематични деца“.
„Повеќе пати одевме на разговор кај психологот, тоа беше задолжително. Од цела таа група само ние четворица успеавме во животот, основавме семјство и почнавме да работиме“.
„Останатите останаа да менуваат домови и кој знае како завршиле“, зборуваше Џеј.
Пoкoјниот пејач од секогаш ја сакаше музиката која од домот секогаш го спасувала и го чувала од невољи.
Песната „Недеља“ е автобиографска и за тоа Џеј ја откри тажната приказна, а најтажно е што таа песна остана негова лична карта до самиот крај, од овој свет и тој замина во недела.
Песната „Недела“ е автобиографска, објавена е во 1991 во албумот “Кој се дружи со нас”, а Џеј неодамна ја раскажа историјата за тажното минато кога настанала.
– Во тоа време, кога ја правевме јас и Фута, ни фалеше рефрен.
За рефренот на песната „Недела“ јас сум виновен, и ја раскажав на Марина Туцаковиќ својата приказна од попраавниот дом.
Како дете, колку сум бил добар, ми дозволувале да одам дома, а и колку не сум бил, останав во дом, рекол Џеј.
-Таа „Недела“ зборува за мене, кога не сум добивал дозвола да излезам, а Марина за десет минути напиша рефрен, откри Џеј во една емисија.
Пејачот Џеј Рамадановски како да ја претчувствувал својата сmрт, па се повеќе размислувал за тоа како да им обезбеди подобри услови на своето семејство.
Тој само 10 дена пред сmртта ја викнал својата колешка Злата Петровиќ и барал број од нејзиниот поранешен сопруг Хасан Дудиќ.
Таа му го дала бројот, а Хасан за Курир.рс раскажа дека го барал бидејќи сакал да дознае како може да оствари национална пензија.