Дом и семејство

“Успеа да ги победи лошите прогнози на докторите”- денес оваа девојка со Даунов Синдром е успешен модел!

Оваа девојка е доказ дека секој треба да ги следи своите соништа

Кенеди Гарсија која е родена со Даунов синдром, денеска е девојчето кое руши предрасуди и стереотипи.

 

Нејзината неверојатна животна приказна ќе ви покаже дека ништо во животот не е невозможно, само треба трпение и многу верба во себе.

Имено Кенеди денес има 15 години, и го живее својот сон, таа е модел за кој слушна целиот свет.

Најважната порака што успеа да ја испрати оваа девојка е дека секој од нас треба да ги следи своите соништа, да не се предаваме и уживаме во секој ден од животот, исто како што ужива и таа, која на крајот ги надмина сите опасности низ кои помина.

Докторот ја советувал мајка и да ја остави на посвојување…

 

Кога се роди Кенеди, лекарите и медицинските експерти беа шокирани и ја советуваа нејзината мајка Рене да ја даде на посвојување.

Но, кога една акушерка ја видела Кенеди, и рекла на Рене дека родила прекрасна мала девојка, со Даунов синдром, но таа не ни помислуваше да ја остави својата ќерка.

„Ми рекоа дека нема да имаа никаков квалитетен живот и дека ќе бидат вечно во пелени“, рече нејзината мајка Рене (40) која ја одби опцијата за да го остави своето девојче.

 

„Оваа акушерка ми рече дека ќерка ми е прекрасна и ми откри дека сама има ќерка со Даунов синдром и дека живее сосема нормално“, вели Рене и додава дека овој разговор ја зацврстил нејзината одлука да ја задржи својата ќерка. Кенеди е модел за многу американски брендови и исто така е танчерка и учествува на многу меѓународни натпревари. Таа исто така има момче, Метју, со кое ужива.

Дауновиот синдром не е единствениот проблем со кој се справувала оваа девојка. Таа имала леукемија и морала да подложи на опасна операција поради ‘рбетот, што можело да ја остави парализирана.

Таа излезе од сите овие борби со злобни непријатели како голем победник и денес е успешен модел кој го живее својот сон.

На изненадување на сите, таа ги надмина очекувањата на лекарите, кои не се надеваа дека нејзиниот живот ќе започне на овој начин.

И додека сите мислеа дека никогаш нема да води нормален живот, таа започна да прави нешто што никој не очекуваше, пишува Дејли меил.

Нејзината мајка беше убедена дека Кенеди може да стори многу повеќе отколку што предвидоа нејзините лекари.

Како што пренесува „Дејли меил“, таа сега ја претставува агенцијата за таленти, поканета е на аудиција во Њујорк и Холивуд а се појавува како модел во неколку американски песни.

Кенеди започна да оди на часови по танцување.

„Таа беше апсолутно во свој фазон и не ни помислуваше на сè низ што минуваше“, рече нејзината мајка.

Таа дури одеше на часови по моделсто и глума. Слободно можеме да кажеме дека по сите овие борби малото девојче го вдиша живот во нејзините бели дробови и апсолутно ужива во него.

“Таа внесе многу расположение и смеа во нашите животи. Можам да кажам дека расте во една прекрасна, забавна млада жена”, вели нејзината мајка.

Метју, нејзиното момче, исто така има проблеми, но тој беше доволно храбар да и пријде на оваа млада дама.

 

„Дојде, и го даде мобилниот телефон на Кенеди и рече:

„ Мислам дека мојот телефон е расипан затоа што му недостасува вашиот телефонски број “, вели Рене.

Наскоро станаа и пар.

 

Кенеди сега често држи предавања во основните и средните училишта за Дауновиот синдром и за тоа како тинејџерите можат да бидат пријатели со такви деца, пренесува Daily Mail.

 

 „Се надевам дека ќе продолжи да го живее својот живот како што сака и покрај сè“рече мајката на Кенеди…

Во продолжени уште неколку фотографии од оваа девојка која успеа да се избори со сите лоши прогнози и да ужива во животот…

фото инстаграм

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close