Кафе муабет
Колачиња кои се подготвуваат брзо: Основен рецепт кој треба да го знаете
Изненадете ги вашите најмили со овие прекрасни божиќни колачиња.
Колачињата кои ќе ги испечете по овој рецепт, можете да ги дкеорирате на многу начини и да ги комбинирате со бројни вкусови. Може да ги декорирате со преливи, едноставно со шеќер во прав, со прехранбена боја, со растопено чоколадо, да ги премачкате со мармалад или едноставно во тестото да ставите кора од лимон или портокал… Забавувајте се, бидете креативни и уживајте во најубавиот период од годината.
Потребни состојки:
- 220 грама путер
- 200 грама шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 јајце
- 400 грама брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- Малку сол
Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Шеќерот и путерот измешајте ги во пенлива смеса. Додајте ги јајцето и екстрактот од ванила и мешајте уште кратко. Во посебен сад измешајте брашно, сол и прашок за пециво, па ставете ги во садот со останатите состојки. Мешајте додека смесата не се соедини.
Потоа, со рацете замесете тесто. Поделете го во мали топчиња и развлекувајте го на дебелина од отприлика половина сантиметар. Потоа, со калапчиња по ваша желба, вадете облици.
Така направените колачиња, ставете ги во сад за печење обложен со хартија за печење. Печете околу 8 до 10 минути, а потоа добро изладете ги. Пуштете да ве води фантазијата и декорирајте по ваша желба.