Кафе муабет

Татковците умеат да бидат многу забавни: Еве какви „луди“ и „опасни“ фотографии прави овој татко

Овој татко е вистински уметник!

Секогаш кога ќе бил оставен сам дома да го чува детето, жената му праќала порака: Дали е бебето добро? Со текот на времето на овој татко му се смачило да одговара дека се’ е во ред, па одлучил малку да се забавува.

Кени Деус од Белгија, кој одлучил еден ден во седмицата да останува дома, откако неговата сопруга редовно барала фотографии од нивната ќерка Аликс, за да биде сигурна дека е добро, направил профил @onadventurewithdad.

Наместо да го прави она што го барала неговата сопруга, Кени објавувал фотографии кои ја прикажуваат нивната ќерка во глупави и „опасни“ ситуации.

Татковците умеат да бидат многу забавни. Нивниот хумор посебно доаѓа до израз кога се сами со своето бебе.

Кени е совршен пример за овој феномен, а тоа го докажуваат и фотографиите кои ги направил со нивната ќерка.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close