Бебе

Децата родени во декември се посебни!

Неколку факти кои укажуваат зошто овие деца се посебни

Дали до сега сте слушнале дека децата родени во декември се посебни?

Една од причините зошто е тоа така е токму поради тоа што во овој месец се раѓаат најмалку бебиња а причината е веројатно дека поради празниците во декември, ретко се закажува царски рез.

Сепак, ова не е единственото нешто што ги прави декемвриските бебиња посебни. Науката докажа дека има уште неколку работи што ги прават посебни луѓето родени во последниот месец од годината.

Ако и за вас овој месец е особено среќен, бидејќи вашето дете е родено во овој период од годината, тогаш исто така треба да знаете дека тоа е посебно а еве и неколку факти кои покажуваат зошто е тоа така.

1. Тој или таа најверојатно ќе бидат утрински тип

Според студијата на италијанскиот и шпанскиот универзитет, децата родени во декември се значително почесто утрински типови отколку децата родени во лето. Други студии покажаа дека децата родени во овој период од годината веројатно си легнуваат порано.

2. Постои голема шанса тие да живеат до сто години

Бебињата родени во декември, според статистичките податоци, имаат најголеми шанси да го доживеат својот 100-ти роденден.

Да, нивните родендени се на крајот на годината, кога сите други веќе поминаа, но тие веројатно ќе имаат привилегија да прославуваат многу родендени.

3. Тие се подобри студенти

Некој би рекол дека е лошо да се биде најмлад во класот, но студиите покажаа дека, додека стигнат на колеџ, помладите ученици ги „престигнуваат“ постарите со кои оделе на час.

4. Помалку деца во овој период од гoдината

Ова е месец кога статистички се раѓаат најмалку деца. Иако роденденот на вашето дете може да се совпадне со празник, тоа сепак значи дека вашето дете ќе слави роденден во најмагичниот месец од годината кога повеќето луѓе чувствуваат радост и среќа.

5. Многу е веројатно дека момчињата родени во декември ќе бидат леваци

Психолозите од Универзитетот во Виена откриле дека момчињата родени од септември до февруари имаат поголеми шанси да бидат леваци. Истражувачите сè уште се прашуваат за што станува збор.

6. Тие се помалку нервозни

Истражувањето презентирано на Европскиот колеџ за нуропсихофармакологија проучувало 366 студенти и нивни карактери. Откриле дека оние кои биле родени на лето обично не се расположени. Според податоците на оваа студија бебињата родени во зима се помалку раздразливи, односно лицата родени во декември помалку се нервираат.

7. Родени се спортисти

Децата родени во овој период од годината се природни спортисти, покажува истражувањето објавено во Интернационалниот весник за спортска медицина. Ова се должи на фактот дека тие биле повеќе изложени на витамин Д (повеќе летни месеци) за време на бременоста.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close