Дом и семејство
Слаткар се пофали со својата сопруга и синчето- фотографија која ќе ве растопи!
Сања и синчето Моша заедно ја китат елката...
Во април годинава, Сања Николиќ и Марко Маринковиќ, Слаткар се остварија во улогата на родители и го добија своето прво дете, синчето Моша.
Сања Николиќ ТВ водителка и екс мисица отсекогаш била дискретна кога е во прашање приватноста на социјналните мрежи, но затоа нејзиниот сакан, не толку е резервиран и понекогаш знае да објави нешто заедничко и да откри детали од нивниот брачен живот.
Така пред неколку дена Слаткар реши да сподели фотографија со своите фанови, од Сања и нивниот осуммесечен син Моша пред да започнат со китењето на елката.
Сања го држи во раце Моша, и прави селфи, а фотографијата ја објави познатиот рапер на социјалните мрежи и напиша:
Прво селфи, па може да почнеме со ќитење.
Познатиот рапер и поранешната Мис на Македонија се во брак од 2014 година.
Тие имаат одличен брак, а познатиот репер тоа го потврди и пред неколку години со неговиот спот за песната „Луда романтика“ во која главната улога и ја додели токму на неговата убава сопруга.
Сања е вистинска убавица…
Велат мајчинството разубавува, па тоа е доказ и кај поранешната мисица која мора да пизнаеме дека и без грам шминка е вистинска убавица.
Имено, Сања пред извесно време објави селфи на кое позира без шминка, во својот дом, облечена во дуксер и со косата врзана во високо коњско опавче.