Градинка

Супернамирници за деца кои би требало да ги консумираат секој ден

Еве кои намирници изобилуваат со нутритивни вредности.

Со добра исхрана се зголемува внесот на витамини, минерали, хранливи влакна и здрави маснотии. Детската нутриционистка, Наталиа Стасенко, издвојува неколку намирници кои се богати со нутритивни вредности.

Бобинкасто овошје

Сите бобинки се вистински витамински бомби, преполни со витамини и антиоксиданси. Малини, капини, боровници, рибизла, брусница или јагода – не можете да погрешите.

Риба и морски плодови

Рибата има благотворно влијание на развојот на мозокот. Ако вашето дете не е голем љубител на свежа риба, секогаш можете да понудите и конзервирана верзија, која има поблаг вкус и помека текстура. Рибата можете да ја комбинирате и со салата и со тестенини.

Семиња

Сончогледовите семки, ленено семе и чиа семето им помагаат на децата да ја задоволат својата потреба за здрави масти, магнезиум, белковини и хранливи влакна. Семките секогаш можете да ги користите како обични грицкалки, да ги ставите во супа, салата или други јадења или да ги додадете во смути.

Лиснат зеленчук

Сите сме запознати со нутритивната вредност на зелениот зеленчук. Богато е со железо, калциум, хранливи влакна, витамин Ц, омега-3 масни киселини. Како можете да им помогнете на малите по малку да уживаат во вкусот на спанаќ, зелка, ќељ, брокула? Одговорот е: почнете порано и не откажувајте се!

Јогурт

Јогуртот е суперхерој од млечните производи. Полн е со корисни бактерии, протеини и калциум – сите добри работи кои нашите деца ви требало да ги консумираат за да го задржат здраво своето тело. Сепак, избегнувајте да купувате „детски јогурти“ кои се со додадени шеќери. Наместо тоа, во обичниот јогурт дома самите додадете мед, џем или некој друг засладувач, а можете и цели парчиња овошје.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close