Бебе
Неколку правила за прва посета кај бебето: Што мајките не ви кажуваат, но би сакале да знаете?
При посета на бебе, треба да имате на ум неколку работи.
Една медицинска сестра и мајка на две девојчиња, на еден портал издвоила некои работи кои новите мајки не би сакале да ви ги кажат, но би сакале другите да го знаат тоа.
Секогаш најавете се при посета
Никогаш не одете на гости ненајавени. Ама баш никогаш!
Секогаш доаѓајте чисти
Хигиената се подразбира, но многу луѓе не размислуваат на тој начин. Затоа, пред да одите на гости кај новопечена мајка и нејзиното бебе, потрудете се да одите чисти и средени.
Осигурете се дека не сте болни
Ако сте болни или ако живеете со член во семејството кој мислите дека е болен, не посетувајте го новороденчето!
Оставете ги децата дома
Посебно ако посетувате мајка во првите недели. Не може ни да се опише колку е стресно по породувањето да имате гости чиешто дете трча наоколу и вика.
Разговарајте и за други теми
Кога ќе станете мајка, целиот ваш живот почнува да се врти околу новороденото бебе. Животот е прилично интензивен во првите шест недели по породувањето, од хранење, до пелени, па се’ до миење шишенца и неспиење. Не чувствувајте се непријатно да зборувате и за други теми надвор од породувањето и мајчинството.