Бебе
ЗОШТО ДА ИМАТЕ УШТЕ ЕДНО ДЕТЕ?- Пет причини кои ќе ве натераат да размислите!
Мама Алисон ќе ви помогне да оговорите на прашањето зошто да имате уште едно дете
Мајките знаат дека без разлика на бројот на деца што ги имаат, барем еднаш помислуваат како би се снашле и дали би сакале уште едно дете?
Гледајќи ги како растат, расте и желбата за друго дете, но не секогаш семејството се решава на ваков чекор.
Како вие решивте да го проширите семејството?
Алисон Слејтер Тејт која е блогерка, писателка и мајка на четири деца на својот блог постави текст со кој замисли многумина.
Таа посочи дека колку и да сакаме не може се во животот да оди по план.
Имено таа опиша која била најголемата лекција во нејзиниот живот која ја научила преку мајчинството.
Алисон пред да стане мајка размислувала дека 33 години се оној период од животот кога би сакала да го роди последното дете.
Таа секогаш мислела дека ќе има најмногу две деца, но сепак се решила за четири.
За родителството нема лекција
Иако ги прочитала речиси сите книги за мајчинството, барала секакви текстови по интернет поврзани со темата добар родител, сепак на крајот кога станала мајка сфатила дека родителството не се учи од лекција и по дефиниција.
Родителството ја научило дека не знаела точно што сака и кога, и многу бргу откако го родила своето прво бебе, останала бремена и со своето второ дете. Така, таа го роди своето второ дете 21 месец по првото.
Блогерката потоа се решила за уште две деца, но за тие одлуки претходеле сериозни и долги разговори со нејзиниот сопруг.
Ако некој ми кажеше дека по првото дете, речиси по една година ќе родам и второ ќе речев дека е луд, посочи Алисон.
Зошто да имате уште едно дете?
Мама Алисон можеби и ќе ви помогне да го одговорите ова прашање.
1. Веќе знаете сè и запознаени сте со сите ситуации
Ги поминавме сите ситуации со мало бебе, првите чекори, додатоците во храна и сите фази низ кои поминува детето во развој.
Меѓутоа, кога дојдовме во периодот кога детето започна да учи, сфативме дека сега има сосема различни правила. И, затоа, задоволувањето на потребите на бебето е всушност многу полесно. Поговорката вели, мали деца мали проблеми, големи деца големи проблеми, посочува Алисон.
2. Бебињата се минијатурни амбасадори на добра волја
Со моето последно бебе, се соочував со ситуации кога ни пристапуваа многу луѓе додека се шетавме, само за да го погледнат затоа што е бебе. Излегува дека повеќето луѓе сакаат (среќни) бебиња. Интересно е и што моите три постари деца ја обожаваат својата сестра бебе. Таа е единствената работа за која сите се согласуваме и помага да се одржи добрата семејна динамика. Бебенцето не соединува како никогаш порано. Тешко е да се лутиме кога неодоливо бебе е во собата и не гледа со неговите големи и внимателни очи.
3. Бебињата се забавни
Неодамна ги однесов моите три постари момчиња во Дизниленд, што е локално патување за нас. Децата кои растат во централна Флорида го сметаат забавниот парк за нешто несекојдневно а моите деца сметаат дека неколкучасовното возење во паркот е здодевно.
Но, кога сите заедно со бебето отидовме во светот на Дизни, дури и обично возење на вртелешка стана забавно.
Го фотографирав моментот кога сите мои момчиња се смееја од уво до уво кога бебето мавташе и плачеше од радост поради изненадувањето што го доживеа. Со бебиња и мали деца, сè е изненадување. За малку ќе заборавев како е да се посети забавен парк Дизни со дете кое никогаш не го видело. Нејзиниот ентузијазам и вистинското уживање не израдуваа сите.
4. Последното бебе ќе ве потсети дека сите ваши деца еднаш беа бебиња
Моите деца редовно ме оставаат емоционално и психички изморена. Често пати порано кога лежев ноќе во кревет поради несоница размислував за тоа каков родител сум или што требало да направам, но сега тоа не се случува поради бебето.
Кога однесувањето на моите деца го покрена прашањето „Која сум и што правам за моето дете?“, Бебето ме потсетува дека порано ссите биле мали, и тоа пред само неколку години. Тогаш успевам да ги пронајдам последните траги на трпеливост и разум во себе, гледајќи го нејзиното слатко лице и сеќавајќи се на нивните полни и заоблени образи кога можев да ги ставам во скут и да решам многу проблеми со спиење.
5. Вашето бебе ќе ве научи на сите работи или барем на две
Откако ќе поминете низ едно патување за родители, можете да очекувате ново. Може да знаете што да очекувате и кога да го очекувате. Најдоброто нешто кај бебето број два или три, особено бебето број четири, е тоа што ме научи многу за родителството. Научив дека некои бебиња сакаат да спијат многу рано, некои седат до подоцна, дека некои деца лесно се прилагодуваат на креветчето, а некои воопшто не сакаат да спијат во него.
Нашето последно дете, првата и последната девојка, нè научи како сестрата влијае на моите момчиња. Убедена сум дека имањето сестра го смени начинот на кој тие ќе се однесуваат кон жените подоцна во животот и како ќе се однесуваат кон луѓето воопшто во животот.
Извор: Бебац