Холивуд
Најтажниот анимиран филм на сите времиња кој ќе ве расплаче: Имаат малку, а сонуваат за многу повеќе!
Животна приказна на едно семејство која нема да ве остави рамнодушни
Снимен пред 80 години, во 1936 година, филмот “Somewhere in Dreamland“ (некаде во земјата од соништата) и денес ќе расплаче многумина.
Животна приказна која нема да ве остави рамнодушни.
Дејствието во краткометражниот анимиран филм кој важи за еден од најтажните на сите времиња, се одвива во периодот помеѓу Првата и Втората светска војна.
Креатор на овој анимиран филм е Макс Фличер,истиот оној кој е одговорен за ликовите на култните ликови Попај Морнарот и Бети Буп.
Акцентот на овој филм е ставен на соништата на децата, кои сакаат да живеат во подобар свет, во земја каде ќе може да им се исполнат нивните соништа.
Во реалниот живот имаат многу малку, а сонуваат за многу повеќе.
Во филмот “Somewhere in Dreamland“ станува збор за тажната приказна на еден сиромашен брат и сестра, како и нивната мајка, која нема можност да ги исполни нивните желби и да ги прехрани.
Сцена од која буквално ќе ви се скрши срцето, е онаа кога децата велат дека се уште се гладни, но мајката за жал нема што повеќе да им понуди.
Преживуваат од тврд леб кој го топат со вода за да биде помек и да можат да џвакаат.
На крајот, соништата се остваруваат, бидејќи луѓето околу нив им помагаат на сиромашните деца и нивните мајки.
„Некаде далеку во земјата на соништата, јас и ти ќе бидеме среќни. Ќе го имаме она што можеме само да го посакаме, ќе ги видиме сите чуда “ е пораката која ја носи филмот.