Новости

ТАЊА САВИЌ НЕУТЕШНА: Морам што поскоро да ги спасам децата од Душан!

Проблемите на пејачката не престануваат

Познатата пејачка Тања Савиќ веќе неколку месеци мака мачи со нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ кој живее во Австралија и се бори за старателство.

 

 

 

Нејзините проблеми и по неколку месеци агонија, не може да се каже дека завршија, бидејќи како што тврди таа нејзиниот сопруг незаконски ги однел децата во Австралија, а во моментот таа стравува дека тој лошо ќе влијае врз нив, односно дека ги придобил на негова страна.

 

 

Тања е свесна дека патот до остварувањето на целта ќе биде крајно трнлив и болен и вели дека ја чека голема борба, од која, се надева дека ќе излезе како победник.

Пејачката неодамна во искрена исповед за списанието „Hello!”  рече дека татковата фигура е многу важна за нејзините синови.

 

 

– Тој е нивен пример и не можеш да очекуваш некој што има десет години реално да ја процени ситуацијата. Меѓутоа, кога пораснаа малку, му рекоа безброј пати: „Не пиј тато“. Тој секогаш  ветуваше дека нема, но не го одржа зборот. Ситуацијата ја влоши фактот што Душан, кога ќе се налутеше, беше многу импулсивен.

 

 

– Мислам дека сите жени кои минале барем некое време со маж склон на алкохол знаат за што зборувам. Тој не разбира дека, сакале или не, родителите прават модел на однесување што децата потсвесно го усвојуваат. Не сакам двајцата да се однесуваат така кон своите жени еден ден. Сакам да го спречам тоа, ако не е доцна.

 

 

Тања се уште не ги видела своите деца, и вели дека бракот со Душан за неа е затворена книга.

 

 

Имам свои деца кои треба да ги однесам по вистинскиот пат, најпрво планирам да ги однесам кај психолог, за да ги спасам од човекот што им го труеше мозокот – изјави Тања за „ИјТВ“ и додаде:

– Ме чека голема борба, за моите деца да не бидат како него утре, за да не ги малтретираат своите жени и да не им го загорчуваат животот на луѓето околу нив – пренесува Србија денес.

 

 

Медиумите веќе на големо пишуваат дека законскиот сопруг на пејачката сега има нова девојка со која планира и венчавка и сакал да го прошири семејството.

Ваквата вест ја потврдиле и негвите пријатели, и исто така за српските медиуми откриле, дека новата љубов на сопругот на пејачката наголемо се развива.

 

 

Наводно Душан планира развод со Тања Савиќ и сака да се венча со неговата девојка во Австралија, со која сака да има и дете.

Вчера во јавноста излезе и изјава од дадилката која ги чувала децата на Душан и Тања, која истакна дека тој бил многу влијателен за неа.

 

– Тања не се осмелуваше да стори ништо без согласност на Душан. Тој ги организираше нејзините настапи и ја возеше до нив. Тој секогаш чекаше да заврши настапот за да ја однесе дома. За сè што сакаше таа да стори, мораше да го праша и да добие дозвола – вели дадилката  М.С додавајќи дека пејачката буквално не се осмелувала да писне од него.

 

 

-Таа седеше дома и ги чуваше децата додека тој излегуваше постојано и по цели денови. Тања беше таа што сакаше да ги исполнува сите желби на децата, а Душан беше многу строг.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close