Брак

Облека за есенските и зимските бебиња: На што да обрнете посебно внимание?

Бебињата не можат да ни кажат дали им е ладно или не, па затоа родителите честопати се во дилема.

Со доаѓањето на ладните годишни времиња, многу родители се грижат како совршено да го облечат своето бебе. Но, студеното време не би требало да ве спречи барем еднаш да излезете на свеж воздух.

Многу мајки, особено оние на кои им е прво дете, не се сигурни кога треба прв пат да прошетат по такво време со своето бебе и колку долго воопшто смеат да бидат надвор. Ако се пронајдовте во ова, тогаш треба да знаете дека не сте ни прва ни последна мајка која се прашува ова, а во продолжение дознајте одговори на некои прашања кои ве мачат.

Слоевито облекување – клуч на се’

Секогаш можете да го следите правилото: Облечи го бебето онака како што се облекуваш и ти самата, само додај му уште еден слој. Со премалку облека на бебето ќе му биде студено, а од премногу ќе му биде жешко и ќе стане нервозно.

Секако, на бебето ставете му и капа, дури и ако надвор само малку дува, зашто капата му е од голема помош за да ја задржи телесната топлина. Кога надвор температурата е под нулата, капата би требало да ги покрива и ушите на бебето. Рацете треба да бидат заштитени со ракавици, стапалата со чорапчиња и чизми, а вратот со шалче.

Секогаш избирајте материјали како што е памук или волна, зашто тие ѝ овозможуваат на кожата на душе, за разлика од полиестерот и синтетиката. Слоевитото облекување е важно и најпрактични се лесни слоеви облека кои лесно може да се облечат и соблечат, кога времето неочекувано ќе почне да се менува од топло во ладно или ако од надвор влезете во загреана просторија.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close