Новости

ОТКРИЕНИ НОВИ ДЕТАЛИ ЗА БРАКОТ НА ТАЊА САВИЌ: Поранешната дадилка прозборе и откри шoкaнтни детали за животот на пејачката!

Тања Савиќ минува низ пекол

Не е тајна дека пејачката Тања Савиќ веќе со месеци мака мачи со нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ, со кој речиси секој ден се главна тема во медиумите.

 

Сега во јавноста беше објавена и една изјава на поранешната дадилка на децата на парот.

Таа вели дека пејачката била толку зависна од нејзиниот сопруг што без него не смеела ништо да стори.

– Тања не се осмелуваше да стори ништо без согласност на Душан. Тој ги организираше нејзините настапи и ја возеше до нив. Тој секогаш чекаше да заврши настапот за да ја однесе дома. За сè што сакаше таа да стори, мораше да го праша и да добие дозвола – вели дадилката  М.С. 

 

Дадилката вели дека нејзиниот сопруг и кажувал што таа да облече кога оди на настап.

-Пејачката буквално не се осмелуваше да писне од него. Таа седеше дома и ги чуваше децата додека тој излегуваше постојано и по цели денови. Тања беше таа што сакаше да ги исполнува сите желби на децата, а Душан беше многу строг.

Поранешната дадилка на нивните синови тврди дека пејачката и нејзиниот сопруг и давале убава плата, но никогаш повеќе не би работела за нив.

– Душан беше многу надмоќен, а исто така знаеше да биде непријатен кон мене. Убаво ми платија, но нема пари за кои повторно би ги чувала тие деца затоа што беа многу немирни. Затоа не останав долго со нив – заклучи таа за „Информер“.

Тања Савиќ оставена сама на себе

 

Инаку пред извесно време се огласи и самата пејачка, која истакна дека поминува низ многу тежок период во животот и дека го поминува сама, бидејќи речиси никој од нејзините колеги и пријатели не и помогнал.

 

На прст се бројат пријателите и колегите кои ми се нашле до сега,  никој никаде го нема и покрај тоа што на почетокот само ме  „ тапкаа по рамо“.

– Многу моменти би отфрила. Постои многу зло. Постојат многу завидни луѓе. Сега сфаќам зошто многу луѓе ме тапкаа по рамо кога зпочнував. Од колеги, до позаници, па и попатни соработници. Секогаш ме маваа по раме, сакаа да се сликаатсо мене, сакаа да бидат видени со мене. Тоа го сфатив додека бев на врвот од својата кариера, кога го снимав моето прво ЦД „ Така млада“ и тогаш дознав дека кога сте на дното, а јас сум личност која го доживеала и пеколот и рајот во таа естрадна осцилација, дознав кој навистина ме сака и кој ми е навистина пријател.

 

-Тогаш сите те сакаат, а јас мислев дека сите ме сакаат дека јас бев јас, но не, тие ме сакале дека бев Тања Савиќ.

Кога ме видоа кога бев на дното некои ме одминаа и не ми рекоа ни „здраво“. Се правеа дека не ме гледаат. Како да не постојам, открила Тања Савиќ, која со месеци се бори уште со законскиот сопруг за синовите кои ги однесе во Австралија.

Медиумите беа преполни од веста дека сопругот на пејачката сега има нова девојка со која планира и венчавка и сакал да го прошири семејството.

Ваквата вест ја потврдиле и негвите пријатели, и исто така за српските медиуми откриле, дека новата љубов на сопругот на пејачката наголемо се развива.

Наводно Душан планира развод со Тања Савиќ и сака да се венча со неговата девојак во Австралија, со која сака да има и дете.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close