Кафе муабет

СВЕКРВА ОД ПEKOЛОТ: Измислила традиција, сакала да присуствува на породувањето и таа да одбере име за бебето!

Снаите најчесто ги иритира тоа што свекрвата се меша речиси во се

Постојат многу примери за несогласување помеѓу снаа и свекрва.

 

 

Најчесто на снаата не и се допаѓа тоа што свекрвата постојано и кажува како и што да прави, иако тоа може да е со добра намера сепак иритира.

Понекогаш е доволно да се сфати дека самите сте свесни за она што го правите.

 

 

Еден таков пример кој иритираше многумина се појави на корисничката мрежа Редит, и стана вирален. Имено жена која сакала да остане анонимна на оваа веб-страница напиша дека е мајка на три деца од првиот брак, а како што вели нејзиниот сегашен сопруг е „неверојатен татко на сите нив“ иако не се негови.

 

 

Таа посочува дека не планирала да забремени повторно но сепак околу крајот на април дознала дека е бремена во петта недела и нејзиниот сопруг бил „пресреќен и крајно возбуден кога ја дознал оваа вест“.

Посочи дека родителите биле пресреќни за оваа вест, а особено свекрвата која откако дознала дека нејзиниот син ќе стане татко започнала со организација.

 

 

Таа била онаа која прва го открила полот на бебето, започнала со планирање на прослава, одбирање подароци, организирала подготовки за доаѓање на нов член на семејството.

 

Но, она што ја “прелило чашата” било нејзиното барање кое наводно било традиција, таа да биде присутна на породувањето.

Во нивното семејство било традиција, бабата да биде присутна на раѓањето, да изберат име за детето, но и „да го држат детето во рацете пред таткото“.

 

 

Поради ваквото однесување младите родители решиле до крајот на бременоста да кријат некои поважни информации од неа, пренесува Кафемом.

“Неколку пати се обиде да извлече каква било информација од мене, и кога ќе сокријам нешто или не и кажувам,  таа почнува да плаче и да зборува за тоа како ова е нејзиното последно внуче и како треба да биде присутна на породувањето. Со сопругот ја игнориравме, но изгледа дека таа не разбира граници “, напиша мајката.

 

 

На ова следуваа коментари со поддршка, и многумина се согласуваат дека свекрвата не треба да се меша во се, а некои и коментираа дека дури и измислила за традицијата сакајќи да доминира.

Во продолжение прочитајте во кој хороскопски знак се раѓаат најлошите свекрви!

Свекрвата родена во знакот Бик можеби е на врвот кога станува збор за сплетки. Таа постојано ќе биде околу вас, ќе ви поставува замки и од неа нема лесно да се извлечете. Постојано ќе биде тука да ве советува за храна, облекување, пари. Со оваа свекрва треба внимателно, таа е тврдоглава и воопшто не попушта.

 

 

Свекрвата родена во знакот на Рак, е онаа од која треба да се плашите. Неа треба да внимавате да не и погрешите бидејќи така самите ќе си направите проблеми. Со неа треба да се однесувате пристојно, и да с еобидете да и се  вовлечете под кожа, бидејќи само така ќе имате право на нејзиниот син, во спротивно таа секогаш ќе биде најдобра и ќе знае се подобро од вас. Затоа потрудете се да ја добиете нејзината доверба.

 

 

Иако рибите важат за чувствителни и мирни, сепак треба да се внимава.  Ако вашата свекрва е Риба во хороскоп, тогаш сте во неволја. Оваа мајка го разгалила својот син, до тој степен што тој ќе бара од вас да се однесувате како неа.

Во домот на свекрвата Риба, се’ мора да биде убаво и уредно, а на нејзиниот син никогаш не смее да му недостасува нешто.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close