Кафе муабет
Мајките “распалија” по Српската дизајнерка која тврди дека постпородилна депресија не постои!
Со својот коментар познатата српска дизајнерка ги разлути мајките
Познатата српска дизајнерка Дијана Радоњиќ која стана мајка по трет пат ја разлути јавноста.
Имено таа на својот официјален профил на Инстаграм, сподели фотографија како го дои своето бебе, и напиша дека се чувствува уморно, дека станува ноќе, и дека чувствува болка во градите, но дека е среќна поради своите деца па болката и е најмал проблем.
На ова следуваше коментар од една нејзина следбеничка која напиша: Една недела по породувањето, жените немаат волја да се облечат ниту дотеруваат, но еве ти си поинаква, изгледаш прекрасно.
По ова додје до конфликт помеѓу познатаат дизајнерка и многу корисници на социјалните мрежи, на што Дијана одговори дека нема време за негативност и изгледа ги налути повеќето жени.
„Не ја сакам ниту пак ја знам депресијата како поим. Се зависи од нас и нашиот ум. И како е можно да бидеш во депресија по доаѓањето на едно мало суштество. Јас сум мајка на три деца и сум пресреќна и сè е во ред “, напиша дизајнерката.
Sram te bilo u ime svih žena koje su patile od postporodjajne depresije!! #dijanadiline #dilinedresses #caosvima pic.twitter.com/gaKIjAZsht
— LuckyGirl (@LuckyGi58901619) October 12, 2020
Набргу следуваше коментар во кој пишуваше дека постпородилната депресија навистина постои.
Засрами се во името на сите жени кои пателе од постпородилна депресија, гласи коментарот!
„ Голема навреда е да се каже дека постпородилната депресија е негативност и дека се зависи од умот. „ До хормоните е, депресијата е клиничка болест што може да се третира како и други болести и не е срамота доколку постои“, стои во друг коментар.
„Дали е реално некој да напише вакво нешто? Депресијата е многу сериозна болест “,
„ Таа не признава постпородилна депресија, па тоа е исто како да кажете – добро, јас не признавам дека има сонце.
„Сè поголем е број луѓе страдаат од депресија и овој став е многу погрешен“, напишаа дел од жените во коментарите.
https://www.instagram.com/p/CF_z7XUjiPT/
Инаку модната дизајнерка Дијана Радоњиќ, или попозната како брендот Дилин, се породи на 5 октомври 2020 година и на свет го донесе своето синче Вук.
Вук е синчето со нејзиниот партнер Иван, а дизајнерката Дијана од првиот брак има две ќерки Андреа и Ника.
Дизајнерката додека беше бремена често пати објавуваше фотографии на својот Инстаграм.
Погледнете како изгледаше таа во блажена состојба:
https://www.instagram.com/p/CFfbD9ajZVR/