Бебе
Фудбалерот си ја породи жена пред станот: Милена само легна на подот, бебето повеќе не можеше да чека
Фудбалер од Бразил и помогна на жена да се породи и да го роди своето бебе на сред тротоар
Камерата ги фати како влегуваат во лифтот – по помалку од пет минути се роди бебе.
Фудбалер од Бразил и помогна на жена да се породи и да го роди своето бебе на сред тротоар.
Брајан Борхес (24) овој пат беше во улога на бабица откако неговата сопруга Милена (26) започна да се пораѓа пред нивниот стан во Бразил.
Безбедносните камери го овековечиле моментот кога двојката влегла во лифтот на 1 октомври, а помалку од пет минути подоцна се роди нивната ќерка Сесилија.
На видеото може да се види и фудбалер кој и помага на жена да оди пред влезот на зградата, пренесува Дејли Меил. Камерата потоа ја фаќа двојката додека ја напуштаат зградата, а Брајан потоа ја носи жената неколку чекори до горниот дел од скалите.
Сепак, на само неколку метри од нивниот автомобил, Милена повеќе не можеше да издржи, покажувајќи му на сопругот дека мора да легне на подот.
После неколку минути, нивната ќерка се роди на тротоарот пред станот, а не во болницата како што беше планирано.
Наскоро на родителите им пришле двајца пријатели со крпи.
Со нивна помош, таткото ги однел жената и бебето до автомобилот и ги одвел до болницата.
Мама и бебе се чувствуваат добро, а тато вели дека еден ден ќе и каже на својата ќерка како се родила.
Се породи по природен пат.
Млада бремена жена која беше позитивна на вирусот корона се породи во Општата болница во Сараево, а таа и бебето се во добра состојба.
„Породот помина сосема добро“, пишува во соопштението.
Од Општата болница наведуваат дека бремената жена се породила по природен пат и дека бебето е здраво, пренесува порталот „Срна“.Француските лекари го опишаа првиот потврден случај на новороденче заразено од ковид-19 уште во текот на бременоста.
Машкото новороденче, родено во март имало оток на мозокот и неуролошки симптоми поврзани со ковид-19 кај возрасните лица, но во меѓувреме се опоравило, објавија во списанието Нејчр Комјуникејшнс.
Претходните истражувања укажуваа на можноста за пренос на вирусот од мајка на фетус, но студијата дава први докази, вели главниот автор на трудот Даниел Де Лука, лекар од болницата Антоин Беклер покрај Париз.
„Покажавме дека пренесувањето низ постелката од мајката на фетусот е можно во текот на последните недели од бременоста“, рече тој.
Минатата недела италијанските научници објавија дека нивното истражување на 31 трудница хоспитализирана поради ковид-19 „силно сугерирало“ дека вирусот може да се пренесе на неродено дете.
Судијата објавена во медицинското списание ЈАМА во март извести дека за сличен број на трудници со ковид-19 дошле до истите заклучоци.
„Мора да ја анализирате крвта на мајката, плодовата вода, крвта на новороденчето, постелката“, вели Де Лука.
„Собирањето на овие три примероци во текот на пандемија не е толку едноставно. Поради тоа имаше само сомнение, но не беше докажано“.