Градинка

Скапите материјални работи не ги задоволуваат децата, потребна им е љубов

Отсуството на дружење со родителите носи негативни последици кај децата.

За жал, во денешно време децата се’ повеќе стануваат жртва на амбициите на своите родители, кои имаат големи очекувања, но не и време за нив. Затоа ги запишуваат на што повеќе часови по јазици, спортски активности, музички содржини, мислејќи дека со тоа ќе го надоплнат отсуството од дома.

Меѓутоа, децата со тоа не го добиваат она најважното – љубов, внимание, тополина, па не можат да бидат вистински задоволни и среќни, па колку и да се успешни во спорт или музика.

Затоа, потрудете се наместо скапи работи, пред се’, да им обезбедите внимание, разговор и близина. Во спротивно вашите малечки ќе израснат во несреќни и студени луѓе.

Не е доволно на децата да ја купите најубавата брендирана облека, најскапите играчки, најновата технологија, ако притоа не сте присутни со нив додека растат, се развиваат и стануваат возрасни личности.

Денешново брзо време носи негативности и за родителите и за децата. Затоа е тешко да се пронајде балансот помеѓу работата и приватниот живот. Но децата се нашата иднина, затоа, вложувањето во нив е најдобрата инвестиција која можете да ја изберете.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close