Кафе муабет
Девојко, самата си крива зошто дозволи така да се однесуваат со тебе…
Каде ти се границите?
Девојко, самата си виновна зошто дозовли да се однесуваат така со тебе. Зар не знаеше да си поставиш граници? Вивновна си, затоа што кога беше времето да поставиш граници, ти се обидуваше да им се допаднеш на сите, па затоа и не виде каде грешиш.
Виновна си, затоа што себеси си велеше „не, а другите секогаш ги оправдуваше и трчаше да ги задоволуваш. Виновна си, затоа што секогаш си велеше „само уште овој пат“, а потоа самата се залажуваше, зашто постоеја уште милион нови шанси.
Виновна си, затоа што дозволуваше другите да ја оформуваат слиакта која беше одраз во огледалото. Виновна си, затоа што прифаќаше трошки, работи на кои бргу им истекуваше рокот…
Виновна си, затоа што со денови мислеше на оној лош коментар, па дозовлуваше тоа да ти ја уништо самодовербата. Виновна си, затоа што работата ти заземаше најголем дел од животот, па не сфати како треба да бидеш вистински среќна.
Девојко, виновна си, затоа што дозволи некој да мисли дека си слаба и кршлива. Виновна си затоа што беше преполна со љубов, но ја даруваше некому кој не знаеше да ја цени, па те изигра и потоа остана сама, не знаејќи што да правиш со својот живот, со празните раце.
Виновна си, затоа што очекуваше, но не кажуваше.
Виновна си, затоа што зависеше од туѓото внимание и љубов.
Виновна си, затоа што дозовлуваше другите да си поигруваат со твоите нерви, додека се правеше фина и љубезна.
Не барај си самата изговори. Обиди се да ја сфатиш смислата на својот живот, па продолжи, научи ги лекциите и остави ги зад себе негативностите и злите личности.