Кафе муабет
До пријателките кои немаат деца: Можеби ќе кажам „не“, но ве молам викајте ме да излегувам
Понекогаш недостасуваат забавите и дружењата.
Една мајка на три деца, иако води среќен семеен живот, сепак, понекогаш тежнее кон стариот живот и дружењата. Баш поради тоа, одлучила да им напише писмо на своите пријателки.
Јас сум единствена мајка во кругот на моите пријатели. Имам три деца – и сите се мали. Бев бремена или дома, се грижев за новороденче или се занимавав со мали бебиња или болни деца на кои им требам. Но, ова јас не го зборувам за сочувствување. Ова е животот кој јас го избрав. Животот кој го сакам. Животот за кој сонувавме јас и мојот маж. Го сакам.
Но не сакам да ме сожалувате дека имам премногу обврски. Сакам да ме викате и мене. Затоа што јас сум се’ уште јас, без оглед на мајчинството.
Се’ уште сум спремна за авантура
Јас се’ уште сум девојката која сака да се сеќава на глупавите работи кои сме ги правеле на факултет. Се’ уште сакам да гледам филмови, да имам средени нокти, да имам пауза од домаќинските работи одвреме-навреме. Ми треба. И јас ви требам вам.
Моите ноќи изгледаат така што го дојам бебето во утринските часови или менувам постелнина поради незгоди (не мои, туку на детето), но се’ уште можам да се дружам. Мислам, изминатата недела бев будна цела ноќ, затоа што ниту едно од децаат не сакаше да спие – можам да преживеам со неколку часа спиење. Затоа постои кофеинот!
Се’ уште сум смешна, друштво, иако понекогаш моите шеги може да го вклучуваат мајчиното млеко или детската столица. И се’ уште сум во чекор со времето – листам по инстаграм за да дознаам некои новости.
Ве молам бидете трпеливи со мене. Ако мора да почекате да го успијам детето или да почекам мојот сопруг да се врати дома за да ги преземе децата – ве молам бидете трпеливи со мене. Ако морате да ја прочитате мојата порака која вели: Не можам денес, сите се болни, ве молам и понатаму праќајте ми покана. Ако ви кажам: Извинете, не можам вечерва, и тоа сум ви го рекла пет пати, ве молам, не мислете дека не сум сакала да дојдам.
Сакам, но должноста ме повикува. И во оваа фаза од животот, потребна сум му на моето семејство. Но секогаш ќе има место и за вас. Така, праќајте ми покани. Ќе се обидам да направам се’ и да дојдам. Ако не можам да стигнам, знајте дека со мислите секогаш сум со вас.