Кафе муабет
Каква енергија носи секој ден во неделата? Еве како да ја искористите!
Како може да ја искористите енергијата која ја пружи новиот ден?
Деновите во неделата носат свои посебни вибрации. Секако, тие специфични вибрации се под влијание на планетите, вашите животни околности и вашите лични вибрации, меѓутоа, секој ден има своја вибрација која тече 24 часа…
Понеделник
Понеделник е ден на месечината, ден во кој треба да зачекориме во нашиот вистински потенцијал – интуицијата и емоциите. Понеделник бара да ги разјасниме своите емоции и намери за наредните денови. Тој честопати носи многу неугодни чувства и многумина ги сметаат за предизвик.
Ако не сте љубители на понеделник, можеви постои некоја емоционална енрегија во вас која ве мачи. Исто така понеделник може да доведе до позитивна мотивација и енергија. Ако се чувствуваме позитивно во нашите животи и имаме здрави емоции, овој ден може да ни помогне да создадеме позитивна состојба на умот за деновите кои доаѓаат.
За да ја подготвите својата енергија за понеделник, наспијте се добро претходната ноќ и пијте многу вода.
Вторник
Со вторник владее планетата на акцијата и енергијата – Марс. Ова е одличен ден за извршување на работите. Ако понеделник поставува емоционален тон, вторник со тоа тргнува во акција.
Вторник се совршен ден за започнување проекти и донесување одлуки, посебно кога е во прашање вашата кариера. Енергијата исто така ќе ви помогне да напредувате во сите полиња од животот. За најдобро да ја искористите енергијата која ја нуди вторник, сфатете што сакате, а потоа тргнете кон тоа остварување.
Енергијата на Марс ви дава поттик и страст да ги следите своите цели, соништа и желби.
Среда
Со среда владее планетата н комуникација и изразување- Меркур. Затоа, среда е совршено време да размислите за тоа што сакате и во која насока сте тргнати. Идеално време е за планирањ состаноци и случувања на важни животни полиња. Тоа воедно е и совршен ден да се изразите кон саканата личност.
За надјобро да ја искористите енргијата на овој ден, искористете ги приликите да размислите за тоа дали енергијата која ја праќање во универзумот е во склоп со она што го посакувате за себе.
Четврток
Четврток е ден на Јупитер, планетата на позитивноста и поради тоа е одлично време да учите нови работи. Енергијата од овој ден ви овозможува да бидете продуктивни, ви помага да се грижите за работите кои можеби сте ги занемариле во последните неколку дена. Четврток ед ен на позитивноста и ви помага работите да ги доведете до крај и да бидете отворени за учење.
За да ја искористите оваа енергија, изразувајте благодарност и ширете позитивност од моментот кога ќе се разбудите, затоа што тоа ќе ви помогне подобро да напредувате во текот на денот.
Петок
Петок е ден на Венера, планетата на љубовта и креативноста, што го правиле одличен ден за поминување време со другите и опуштање. Петок е совршен ден за ноќно шетање и интимни врски.
Енергијата од овој ден исто така ви овозможува да бидете креативни и може да донесе свежа, нова инспирација за каков било проект на кој работите. Петок е добро време за доврешување на сите идеи кои сте ги одложувале веќе одредено време.
За да можете да ја искористите оваа енергија, поминете време со своите сакани и бидете креативни. Не закажувајте премногу обврски за петок, затоа што овој ден е наменет за опуштање и забава.
Сабота
Сабота е ден на Сатурн, ден за преземање одговорност и организација. Повеќето од вас сигурно во сабота се занимаваат со домашни обврски и работи врзани за вашиот личен живот, а тоа е затоа што Сатурн ви помага да бидете урамнотежени.
Сабота е совршен ден за да се организирате за наредната недела. Енергијата од овој ден сито така е погодна за довршување на некои работи поврзани со домаќинството.
За да можете да ја искористите енергијата од овој ден, почнете со реализирање на некои проекти кои треба да ги направите и одвојте време во денот за однапред да се организирате за неделата која доаѓа.
Недела
Недела е ден на Сонцето, совршен ден за опуштање и поврзување со својата внатрешна личност. Енергијата која ја пружи овој ден ви поттикнува духовен раст. Дајте си себеси доволно време за да ја обновите и да ја наполните својата душа.
Недела со себе носи убави вибрации за опуштање и полнење на батериите за неделата која доаѓа. Недела е идеално време да се посветите на некои прашања поврзани со вашето здравје и благосостојба.
За да ја искористите оваа енергија, направете си недела да ви биде ден за одмор и опуштање. Не закажувајте премногу обврски, па наместо тоа, одвојте време да се порвзите со својот внатрешен свет.