MAMA
Оваа европска земја не се предава: Маските можат да направат повеќе штета отколку корист
Иако маската стана задолжителна во повеќето земји во светот, тоа не е случај во Шведска
Во борбата против коронавирусот, Скандинавците се потпираат на социјалното растојание и почестото миење раце , пишува Euractiv.
Иако маската стана задолжителна во повеќето земји во светот, тоа не е случај во Шведска. Швеѓаните ги напуштаат своите домови, одат во јавен превоз, одат на шопинг и училишта без маски; може да се видат само неколку жители со покриени носови и уста.
Експертите за јавно здравје таму тврдат дека маските не се доволно ефикасни во ограничувањето на ширењето на вирусот, инсистирајќи дека е поважно да се следат препораките за социјално дистанцирање и миење раце.
Шведска е седма по бројот на изгубени животи од коронавирус по глава на жител – 575 на милион луѓе. Ова се главно неуспешни обиди да се заштитат корисниците на домови за стари лица во текот на претходната фаза на пандемијата.
Шведска никогаш не затворила училишта, фабрики, кафулиња и ресторани, па затоа (не) очекувало постојано високо ниво на инфекција со коронавирус. Сепак, за разлика од многу европски земји, кои забележуваат повторна појава на случаи, шведските бројки се чини дека опаѓаат.
Дневниот број на жртви од ковид 19 во Шведска достигна максимум во април, и сега се сведува на само неколку случаи на ден, а тој број постојано се намалува од почетокот на јуни.
Државниот епидемиолог Андерс Тегнел од Агенцијата за јавно здравје тврди дека здравствените студии не докажале дека маските ефикасно го ограничуваат ширењето на вирусот, што сугерира дека ако не се користат добро, тие можат да направат повеќе штета отколку корист.
Од друга страна, КК Ченг, епидемиолог од Институтот за применети здравствени истражувања на Универзитетот во Бирмингем, рече дека ваквото објаснување е неодговорно и тврдоглаво. Тој ја повика Шведска да ја смени својата позиција.
И каква е состојбата во соседството? По повеќемесечна дилема дали маските треба да бидат задолжителни или не, позицијата е делумно договорена: во Финска се препорачува да се носат маски на јавни места, Норвежаните одлучија дека маските се пожелни во јавниот превоз во Осло, а во Данска носењето маски е задолжително во сите видови јавен превоз и такси.
Еден од најистакнатите норвешки епидемиолози Еилив Лунд, редовен професор во пензија на Универзитетот во Тромс, ја коментираше ситуацијата со коронавирусот во Норвешка и ја спореди со Шведска.
Според најновиот извештај, во Норвешка од коронавирусот се заразени 1 отсто од населението, а Лунд нагласува дека тоа е „показател за слабоста на норвешката стратегија“.
„Бројките ни се ниски зошто воведовме многу строг карантин. Да го направивме она што го направија Швеѓаните, би имаше повисока стапка на зараза, но со самото тоа и поголем имунитет“; рече Лунд.
„Владата имаше голема доворба во стратегија на карантин. Но сега кога поминаа неколку недели, стратегијата навистина да делуваше би имале нула случаи“, рече тој и додаде:
„Постои слабост во нашата стратегија. Мислев дека ако останеме во карантин доволно долго вирусот ќе исчезне, но она што е проблем е што ние не можеме да спречиме тој да биде надвор. Тогаш мора да чекаме да се пронајде вакцина или лек. Само го одложивме проблемот кој неминовно ќе се појави пак во иднина“, заклучи тој.
Во Норвешка според последните информации забележани се 7527 случаи на коронавирус, а починаа 83 лица.
Норвешка меѓу првите затвори низа приватни и јавни установи за да го запре ширењето на ковид-19, предизвикувајќи пад на стопанството и отпуштање на стотици илјади работници.
Рестрикции беа на сила до 13 април, а вклучуваа и затворање на детски градинки и училишта, одбивање на влезот на странците кои не живеат и работат во Норвешка како и забрана за заминување во викенд куќите на одмор.