MAMA
Експертите предупредуваат на појава на болести слични на коронавирусот: Ќе има уште повеќе
Поголема густина на население, поголем број патувања, уништување на шумите...
СЗО проценува дека 75 проценти од новите заразни болести се зоонозни, што значи дека потекнуваат од животни
Сара Гилберт, водечки научник во развојот на вакцина против коронавирусот на Универзитетот во Оксфорд, вели дека во иднина можеме да очекуваме поголемо пренесување на инфекцијата од животни на луѓе, пишува Sky news.
Гилберт истакнува дека човечката активност ја зголемува заканата од инфекција со вируси и дека е малку веројатно дека ризикот од пренесување ќе падне во иднина, особено ако продолжи глобализацијата.
– Поголема густина на население, поголем број патувања, уништување на шумите – сите овие нешта прават веројатно ново избувнување на пандемија, а потоа и нејзиното ширење – изјави таа за Индипендент.
– Поради начинот на кој се одвиваа работите во светот, поверојатно е дека во иднина ќе имаме зоонозни инфекции кои предизвикуваат епидемијата – додаде таа.
Зоонотична инфекција или зооноза е болест предизвикана од патоген, како што се бактерии или вирус, што се шири од животно на човек.
Повеќето истражувачи веруваат дека ковид-19 се појавил кај лилјаците и дека луѓето потоа се заразиле преку друго животно – веројатно на влажен пазар во Вухан, каде што за прв пат бил откриен вирусот.
Други болести како што се ебола, САРС и вирусот Западен Нил, исто така, доаѓаат од животни.
СЗО проценува дека 75 проценти од новите заразни болести се зоонозни, што значи дека потекнуваат од животни.
Sky news посети неколку пазари на животни во Југоисточна Азија на почетокот на оваа година, за кои се смета дека се потенцијални жаришта на вирусот корона. Вкупно 60 проценти од сите заразни болести кај луѓето се од животинско потекло.
Студиите за потенцијална вакцина за коронавирус што се развива во Оксфорд велат дека е безбедна и предизвикува имунолошки одговор на болеста.
Проектот во моментов е во фаза на чекање на резултатите од третата фаза на тестирање, а доколку се покаже дека вакцината е многу ефикасна, можеме да го очекуваме до крајот на оваа година.
Порталот ЛБЦ њуз пренесе наоди од една студија според која повеќе од три четвртини од оние кое го прележале коронавирусот и три месеци по лекувањето чувствуваат симптоми.
Истражувачите дошле до заклучок дека 81 од 110 пациенти отпуштени од болницата Саутмид во Бристол чувствувале симптоми како краток здив, хроничен замор и болки во мускулите па се повикани назад на клиника, се наведува во текстот.
Иако има и добро сигнали дека пациентите зборувале за подобрување кога се работи за почетните симптоми како што е треска. Кај повеќето од нив не е евидентирано оштетување на белите дробови или смалување на нивните функции.
Како што вели Дејвид Арнолд, раководител на проектот Дискaвер: “Ова истражување помага да се опише она што повеќето од ковид пациентите ни зборуваат – и натаму се без здив, уморни и ненаспиени со месеци по отпуштањето од болница“.
„Сепак абнормалностите на ренгенските снимки и тестовите на белите дробови се реки во оваа група. Натамошната работа на проектот Дискавер ќе ни помогне да разбереме зошто тоа е така, и како можеме да им помогнеме на заболените од коронавирус“, додаде тој.