Кафе муабет
Прекрасни цитати за татковците кои ја покажуваат неговата големина и важност
Таткото игра важна улога во животот на неговите деца.
Родителите се најголемото богатство кое може да го има едно дете. Здравото и среќно семејство создава деца кои понатаму знаат како да чекорат низ животните патеки.
И мајката и таткото имаат еднакво важна улога при одгледувањето на нивните малечки. И двајцата се нераскинлив дел од срцето на детето, а родителите никогаш не се забораваат.
Во продолжение ви прикажуваме неколку цитати кои ја покажуваат важноста на таткото и татковската улога во животот на едно дете.
„Знам дека никогаш нема да го пронајдам татко ми во било кој друг маж којшто ќе дојде во мојот живот, затоа што тоа е празнина којашто може да биде пополнета само со него.“ – Х. Бери
„Тој не ми кажа како да живеам, тој живееше и ме остави да гледам го прави тоа.“ – К. Б. Келанд
„Позади секоја одлична ќерка стои прекрасен татко.“ – Непознат автор
„Најголемо влијание во моето детство имаше мојот татко.“ -Д. Кели
„Не се срамам да кажам дека ниту еден маж којшто сум го запознала не беше како мојот татко и никогаш не сум сакала некој повеќе од што го сакав него.“ – Х. Ламар
„Не ми е грижа колку некој човек е сиромашен. Се` додека има семејство, тој е богат.“ – К. Потер
„Да се биде одличен татко е како бричењето. Без разлика колку добро сте го направиле тоа денес, истото треба да го направите и утре.“ – Р. Маркам
„Причината зошто ќерките најмногу ги сакаат своите татковци е затоа што постои барем еден маж на светот којшто никогаш нема да ги повреди.“ – Непознат автор