Бебе
Неколку совети кои ќе ви помогнат да го одвикнете детето од цуцла лажливка
Совети кои веруваме дека ќе ви бидат од помош.
Цуцлата лажливка е омилен предмет на многу мали деца, дури и оние кои се исклучиво на природна прехрана. Родителите честопати се прашуваат дали воопшто треба да се купи ваква цуцла и да му се понуди на детето.
Како и да е, по година и пол до две, цуцлата ја завршила својата улога и треба да се обидете да се ослободите од неа. Секако мајакта е таа која прва ќе го почне процесот на одвикнување, ако смета дека дошло време за тоа, но треба да се одбере вистинскиот момент.
За да ви помогнеме во овој процес, ви прикажуваме неколку совети кои веруваме дека ќе ви бидат од помош при одвикнувањето на цуцла лажливка на вашето малечко.
- Цуцлата треба да ја отстраните кога детето ќе се движи сигурно, кога ќе го привлекуваат предмети кои го опкружуваат и кога ќе му биде важно да ги дофати. Кога напредува во движењето, помалку ќе мисли на цуцлата.
- Детето никогаш не го потсмевајте во врска со цуцлата, зашто тоа е предмет со кој е емотивно опврзано. Не му зборувајте дека цуцлата е грда, дека тој е мало бебе… затоа што така дополнително ќе се фрустрира и ќе се збуни.
- Кога детето не ја користи цуцлата, нека не му биде пред очите, особено да не му биде на ланчето за цуцла. Кога ја гледа, тоа го предизвикува да ја стави во уста. Секогаш може да му кажете дека цуцлата се одмора во кутијата и дека ќе ја добие вечерта. Побарајте некое убаво место каде што цуцлата ќе се „одмора“.
- Ако детето упорно не го прифаќа ова однесување, треба да побарате друг начин: на пример, ставете ѝ црвени точки на цуцлата и кажете му дека е болна, дека треба да ја одведете на лекар, па откако ќе оздрави повторно ќе му ја дадете. Потребно е да измислувате многу приказни со цел да се откаже од цуцлата.
- Ако детето и понатаму останува на своето, цуцлата може да се оштети (со помош од мајакта). Замена нема, а продавниците се затворени. Детето тешко ќе продолжи да ја користи оштетената цуцла.
- Кога ќе решите да го одвикнете детето од цуцла, мора да имате поддршка од сите домашни, со цел детето да не прима различни пораки од различни личности кои го чуваат.
- Опкружете го детето со неговите/нејзините врсници кои не користат цуцла, за да ја прифатат идејата дека цуцлата не им е потребна.