Бременост

Совети за секоја трудница: Еве како да си помогнете полесно да ја преспивате ноќта

Секоја трудница знае колку проблеми може да донесе несоницата...

Да, секоја трудница ќе се согласи дека несоницата е задолжителна во бременоста. За да си олесните себеси и да потонете во сон, па и да ја преспиете цела ноќ. ви прикажуваме неколку едноставни совети кои веруваме дека барем малку ќе ви бидат од помош.

1. Во текот на денот избегнувајте стресни ситуации.

2. Трудете се да јадете мали, а чести оброци во текот на денот. Исхраната нека ви изобилува со овошје и зеленчук, а избегнувајте кафе и газирани пијалаци, зашто кофеинот ќе ви го спречи сонот.

3. Не легнувајте во кревет веднаш после јадење.

4. Пред спиење читајте или гледајте филм, за да се опуштите.

5. Постојат специјални долгнавести перници кои ќе ви помогнат полесно да си ја пронајдете удобната положба, особено кога сте при крај со бременоста.

6. Ако во средина на ноќта ве мачат грчеви, добро би било пред спиење да лежите со нозете подигнати во вис.

7. Одберете памучна постелнина, удобни пижами за спиење и изгаснете го светлото. Не го користете телефонот непосредно пред одење во кревет.

Како и да е, останете смирени, позитивни и подгответе се за најубавото нешто што ви се случило во животот!

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close