Кафе муабет

Забавувајте се и проверете: Колку деца би требало да имате според вашиот хороскопски знак?

Колку деца сакате да имате? Каква мајка ќе бидете?

Ѕвездите веќе имаат неколку интересни и забавни одговори, па проверете дали овие броеви се совпаѓаат со вашите планови!

Овен: Мајка борец со многу деца

Жените родени во овој хороскопски знак може да имаат многу деца. Три, четири, можеби и повеќе? Вие ќе се заљубите во првото бебе и не ќе можете да застанете. Но, не грижете се, вие сте борбен знак. Имате се’ што ви треба за да го прифатите предизвикот на родителството. Моќни сте и сигурни.

Бик: Сериозна мајка на две деца

Според ѕвездите, мајката во овој знак би требало да има две деца со мала разлика во годините. Трпеливи сте и грижливи, а тие особини ви се потребни кога се грижите за мали деца. Две деца се доволни за вас – повеќе до тоа би значело дека би можеле да бидете преоптеретени. Кога се работи за родителството, знаете како да ги мешате забавата и одговорноста.

Близнаци: Непредвидлива мајка на близнаци

Како двостран знак во Зодијакот, ѕвездите предвидуваат близнаци за вас. Вие имате две страни и многу љубов за се’ што е двострани. Грижливи сте и сакате да ја поттикнете генијалноста во вашите деца. Тие први ќе читаат и ќе ја знаат азбуката. Меѓутоа, не дозволувајте да преовладува вашата нетрпеливост. Вашите деца знаат дека со вас никогаш нема да им биде досадно.

Рак: Посветена мајка на две деца

За вас астрологијата предвидува две деца помеѓу кои разликата е неколку години. Вие имате вроден мајчински инстинкт и љубов кон родителството. Вие всушност сте мајка на сите ваши пријателки, а понекогаш ви се чини како да сте родени токму за оваа улога. Вие ќе се посветите на тоа да изградите среќен и здрав дом за вашите малечки.

Лав: Страствена мајка на две до четири деца

Ѕвездите мислат дека треба да имате од две до четири деца. Можеби ви звучи како да се големи броеви, но, не грижете се! Мултитаскингот е нешто што ви е природно, а притоа сте и многу трпеливи. Имате природен мајчински инстинкт кој ја надминува вашата потреба за самостојност. Вашата независност ќе биде одличен пример за ваштите деца. Страствена личност сте, па таква ќе бидете и во улогата на мајка.

Девица: Уредна мајка на едно дете

Ѕвездите ви предвидуваат едно слатко дете за вас. Искрено, знаете дека можете да бидете многу под стрес поради некои ситуации. Во родителството не би било поинаку. За вас најдобро е да имате едно дете на кое ќе можете да му се посветите во целост. Ќе уживате во љубовта и во вниманието кое му го подарувате на вашето малечко.

Вага: Урамнотежена мајка на две, четири или шест деца

Вагите сакаат рамнотежа, праведност и рамноправност. Во суштина, вам ви се важни овие работи, при што ѕвездите предвидуваат дека можете да имате различен број деца. Вие сте личност која е отворена и за посвојување, затоа што вашето сочувствување е безгранично. Желбата за рамнотежа ќе го одреди вашиот родителски стил.

Скорпија: Ексцентрична мајка со многу деца

На Скорпиите им се допаѓа идејата да одгледаат цела војска деца, а ѕвездите се сложуваат со тоа дека одлично ќе ја извршите оваа задача. Вие сте темпераментен знак, но тоа значи дека ќе имате доволно љубов за своите деца. Имате силна желба да бидете опкружени со саканите. Кога се работи за родителството, можете да бидете и малку ексцентрични. Вашето расположение ќе се менува често,а децата нема секогаш да бидат сигруни дали треба да останат или да побегнат.

Стрелец: Мајка авантурист на едно дете

Жената Стрелец ѕвездите ја гледаат со едно дете, а можеби нема ни да сака да стане мајка. Не го сфаќајте ова погрешно, овие мајки се апсолутно супер. Меѓутоа, поради својата авантуристичка природа, тешко остануваат на едно место, а можеби ќе им биде тешко и да се борат со предизвиците кои ги носи мајчинствоот. Ако се одлучите своето дете да го носите со себе по целиот свет, би биле најдобри во тоа, а вашето дете ќе има најубаво детство.

Јарец: Супер мајка на три деца

Овој хороскопски знак може да направи баш се’! Сериозно, како да сте супер битие или нешто слично. Нема да ви биде проблем да одгледате три деца со мала разлика во годините, да ги извршувате домаќинските работи и да одите на работа. Не гриежте се, во многу краток период вашите деца ќе ви помагаат. Како што е Ракот мајчински знак, така Јарецот е татковски знак, што ќе влијае на вашиот стил на мајчинство. Вие сте заповедник кој сака структура и моќ.

Водолија: Прилагодлива мајка на едно дете

Сакате авантура и мечтаење. Всушност, имате детска енергија во себе која тешко ви овозможува да се прилагодите на мајчинствоот. Ѕвездите мислат дека најдобро би ви било со едно дете, на кое би можеле целосно да му се посветите, а да не ја изгубите вашата страна. Ќе го поддржувате вашето дете ако сака да стане актер, научник или учител. Ќе бидете посветени, но на детето ќе му ја дадете потребната слобода.

Риби: Топла мајка на пет деца

Ѕвездите мислат дека ќе бидете среќни со пет деца, можеби и повеќе. Исполнети сте со емоции и не можете да го дочекате времето кога ќе се погрижите за своите семејство и да ги водите децата кон животот. Кога се работи за родителството, топли сте, но и по малку перфекционисти. Сите мајки би биле љубоморни на вас. Вие сте мајка која ќе ги прати последните модни трендови, но на своите деца ќе им осигури топол дом полн со љубов. Чувствителни сте и елегантни, а ќе им бидете и одличен пример на вашите деца.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close