Брак

Сакаше да им ја расипе свадбата викајќи на цел глас дека носи детето од зетот: Сите зборуваат за реакцијата на младоженецот

Ентони, знам дека може да ме слушнеш!

„Знам дека ме слушаш, го носам твоето дете“, рече една девојка која се појави на венчавката на малденците кои во тој момент се подготвуваа да разменат прстени.

– Ентони, се однесуваш како да не ме познаваш, јас носам твое дете – се слушаше гласот на жената која се појави среде церемонија и ги шоkираше сите гости.

Но, Ентони не се ни сврте и продолжи со церемонијата.

– Ентони, знам дека може да ме слушнеш! – продолжи жената да вика.Додека невестата и младоженецот го слушаа заветот, ќерката на невестата не можеше да издржи, па на жената и фрли букет со цвеќиња.

– Што не е во ред со тебе? Ја уништувате свадбата на мајка ми – извика лутата ќерка.

Британка на Редит откри дека на венчавката на својата пријателка им открила на сите дека е бремена откако таа и својот сопруг пет години се мачеле да добијат дете и поради тоа некои ја окарактеризирале како себична.

Веста на венчавката им ја открила на своите пријатели од факултет, поради што невестата полудела и ја обвинила дека – и го украла нејзиниот ден.

– Сопругот и јас веќе 5 години се обидуваме да добиеме дете. Најпрво нему му дијагностицираа недостаток на сперматозоиди, а потоа мене ендометриоза што нашата шанса да зачнеме се сведе на минимум. Одлучивме да се обидеме уште оваа година, а ако не успееме да посвоиме дете. Сепак останав бремена. Треба да се породам во август. Во јануари се мажеше една моја пријателка. Имаме голема група пријатели и сите живееме далеку еден од друг па ретко се гледаме, а веста за бременоста сакав да им ја кажам на сите во живо, а не преку телефон. Немав голема објава, одел од човек до човек и им кажував, што привлече малку внимание, ништо масовно – раскажа оваа жена на Редит.

Додаде дека невестата многу се налутила и ја повлекла на страна за да и приговори.
– И се извинував, но не помогна тоа, се пожали таа.

„Тоа не беше твој ден и не е време луѓето да се фокусираат на тебе. Бременоста не ти дава право некому да му го украдеш денот“, Пријателката со причина ти се скарала“, „Требаше да причекаш некој ден па да им кажеш на луѓето, не можам да верувам дека некој може да биде толку себичен“, „Очигледно си знаела дека твојата вест е поголема кога си сакал во живо да им ја кажеш на сите, па што не си организирала некоја забава за да го објавиш тоа?“ ѝ пишуваа останатите корисници на Редит.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close