Бебе

Имате деца со мала разлика во годините? Сигурно ви се познати овие работи!

Постои и убавина, но и хаос во тоа да имате деца со мала разлика во годините...

Децата се најголемиот благослов од Бога, а многумина родители си го поставуваат прашањето: Колку години треба да има разлика помеѓу двете деца? Секако, на ова прашање не постои совршен одговор, зашто секое семејство е различно, а и сите имаме различни цели.

Постои убавина, но и хаос во тоа да се има деца со мала разлика во годините. Ако и вие се препознавате во оваа група, тогаш веруваме дека ви се познати некои од следниве работи.

Чувствувате како да сте биле бремени цела вечност

Облеката од вашата прва бременост се’ уште е во мода во текот на вашата следна бременост. Луѓето веќе не ви ни честитаат. Само гледаат во вашето големо меше и велат: Повторно? Беше бремена кога те видов последен пат.

Станувате многу блиски со вашиот лекар

Деталите од вашата прва бременост му се толку свежи на вашиот гинеколог, па вие станувате блиски.

Сите заспиваат во исто време

Ако имате деца кои се на блиска возраст, тие ќе легнуваат во исто време. Во исто време ќе појадуваат, во исто време ќе ги подготвувате за спиење. Понекогаш ќе чувствувате како деновите да немаат крај, но сепак, вие сте мајка и знаете дека секогаш УСПЕВАТЕ.

Чувствувате дека секојдневно имате потреба да купувате пелени

Сите носат пелени истовремено… Забавниот дел е тоа што сите одеднаш ќе можете да ги одвикнете од пелени, а не толку забавниот дел е тоа што чувствувате дека во вашиот дом пелените едноставно исчезнуваат и дека имате потреба од еден камион пелени пред вашата врата.

Учите да извршувате многу задачи истовремено

Никој не може да извршува толку задачи одеднаш, колку што може мајката. Баш никој! Честопати ќе го храните едното дете, додека си играте со другото, а на третото ќе му ја галите косата за да се смири. Почнувате да правите се’ толку брзо, од страв да не ви се насоберат обврските.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close