MAMA

ГЛАВНИОТ СИМПТОМ НА КОРОНАТА НЕ Е ТЕМПЕРАТУРА: На ОВА никогаш не би помислиле

Интересно е што главоболката беше најчестиот симптом кај луѓето кои развиле „Ковид-19“

Луѓето заразени со вирусот корона пријавиле гадење (повраќање), дијареја, затнат нос, изгубено чувство за мирис, вкус, силни главоболки, треска и сериозен замор.

Студијата на научниците од Империал колеџ во Лондон, спроведена на 120.000 луѓе во Велика Британија, ги откри најчестите симптоми на нова инфекција. Додека повеќе од две третини од позитивните луѓе немале никакви симптоми на денот на тестирање или до една недела пред тоа, оние кои биле позитивни и имале симптоми пријавиле гадење (повраќање), дијареја, затнат нос, изгубено чувство за мирис, вкус и сериозни главоболки , треска и тежок замор.

Интересно е што главоболката беше најчестиот симптом кај луѓето кои развиле „Ковид-19“, во 62% од случаите. Во половина од случаите, вообичаен симптом беше затнат нос и во третина од случаите дијареја. Една четвртина од пациентите имале силна кашлица, а само петтина имаа висока температура. Една третина имаа губење на чувството за мирис и вкус.

Веројатност за инфекција

Научниците откриле дека лицето кое било во контакт со некој кој страда од „Ковид-19“, е 24 пати поголема веројатност да биде позитивно за коронавирусот отколку кај луѓето кои не биле во никаков контакт.

Студијата ќе се повтори со цел да се потврдат резултатите и истовремено да се утврди дали коронавирусот се менува и како се шири со текот на времето.

Прелиминарните резултати од клиничкото испитување сугерираат дека новиот тип на лекување на ковид-19 може драстично да го намали бројот на болни на кои им е потребна интензивна нега, објави Би Би Си.

Информациите ги презентираше британската биотехнолошка компанија Синаирген поја развива нов лек кој помага во борбата со последиците од коронавирусот, а истиот употребува претеин бета интерферон кој инаку телото го произведува кога ќе го нападне инфекција.

Заболените од коронавирус би требало овој протеин да го вдишат директно во белите дробови со помош на таканаречениот небулизатор, за да стимулира имунолошки одговор. Почетните резултати укажуваат дека изгледите за развој на тешка форма на болеста ковид-19 кај болнички пациенти, кои имаат потреба од респиратор, се намалени за дури 79 отсто.

Досега се изгледаше многу оптимистично – изгледите за опоравување на пациентите до точка во која болеста не ги загрозувала нивните секојдневни активности, биле за два до три пати поголеми. Испитувањето исто така покажало значајно намалување на симптомите како што е овој, кога пациентите се жалат дека останале без здив.

Просечното време на престој во болница е намалено за третина за оние на новото лекување – од просечни девет паднаа на шест дена хоспитализација. Двојното слепо истражување опфати 101 доброволец на лекување во девет британски болници. Половината користела лекови, а половината плацебо – лекови без дејство.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close