MAMA

Нова опaсна детска игра се шири: По овие фотографии секоја баба во продавница убаво ќе ја загледувате

Порано  децата испраќаа постари пријатели во продавницата или се обидуваа да го измамат продавачот со длабок глас за да купат шише пиво

Децата се маскираат како баби за да купат алkохол во продавница.

Порано  децата испраќаа постари пријатели во продавница или се обидуваа да го измамат продавачот со длабок глас за да купат шише пиво.

Денешните деца се многу креативни, а епидемијата на коронавирусот и маските како заштитa им послужи како можнст полесно да добијат алkохол.

Имено, малолетните лица масовно поставуваат видеа на социјалните мрежи, покажувајќи дека се маскираат како баби, а потоа одат во продавница, каде излегуваат со шишиња алkохолни пијалоци.

Тие на главата ставаат перики, ги кријат младите раце во ракавици, прават брчки со шминка, а потоа врзуваат шал и ставаат маска за да се маскираат. Што е уште полошо, многу продавачи дури и не забележуваат дека лажна старица е пред нив, така што тие само им наплатуваат и продолжуваат со бизнисот. Тинејџерите потоа честопати се качуваат во автомобилот и започнуваат да возат низ градот.

Некои беа многу посветени на маскирањето, па на лицето ставаа гумени маски. Како изгледа овој „маскенбал “, погледнете “.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close