Дом и семејство
Правило од „две минути“ кое ќе ви помогне да ја одржувате чиста вашата куќа
Чистата куќа е сон на секоја домаќинка.
Мајката Хајди Фишер објаснува како успеала да се ослободи од нередот во своајта куќа и да си го олесни секојдневието.
Таа најмногу имала проблем во кујната. Иако секаде било хаос, сепак, кујната била најпогодена. Садовите се собирале, се’ било во неред, а површината не била избришана. Секако, со текот на времето тоа станувало полошо, а нејзе ѝ било тешко да стави ред.
Еден ден додека ја чекала микробрановата печка да се исклучи, погледнала во кујната и во целиот тој неред. Наместо да продолжи да гледа во микробрановата и да чека да заврши, таа почнала да размислува дека за тоа време може да ги извади садовите од машината за перење, а била воодушевена дека тоа може да го заврши во толку краток временски период.
„Двоминутно правило – чиста кујна“
Таа одлучила секое време кое го поминува во кујната чекајќи нешто, да го искористеи за чистење. Без разлика дали чекала да се исклучи микробрановата или кафето да се свари, тие минути ги користила за извршување одредени работи, а со оглед на тоа дека секако е во кујната и чека нешто, не ѝ требало дополнителна мотивација.
Секако, ова правило не се однесува само на 2 минути. Ако на пример треба да почекате 10 минути да ја исклучите рерната, искористете го рационално тоа време.
Еве некои идеи кои можете да ги искористите додека ја чекате микробрановата, тостерот, рерната, водата да зоврие, последните минути за да ја исклучите рерната и сл.
1. Изметете го подот
2. Наполнете ја машината за садови
3. Избришете ги кујнската маса и столовите
4. Ставете ги одредените работи на свое место
5. Фрлете се’ што е за фрлање
6. Тргнете ги крпите кои се за перење
7. Организирајте си ги полиците
8. Направете си попис на намирници кои ви се потребни за пазарување
На крај оваа мајка открила дека нејзиното правило ѝ овозможува да го одржува чист домот, што секако е добро кога попатно имате уште безброј други обврски и таквите ситници ги оставате за подцна. Таа одлучила да го сподели овој метод со надеж дека можеби ќе им помогне и на другите родители, посебно во деновите кога немаат мотивација или енергија за што било.