Бременост

Фотограф советува како самите да направите совршени фотографии додека сте бремени

И да, се' можете да направите користејќи го вашиот мобилен телефон!

Верувајте, совршените фотографии од вас кога сте во блажена состојба, можете да ги направите сосема лесно и еднсотавно. Џесика Меху, фотограф од Мичиген и мајка на четири деца, издвојува совети за сите идни мајки кои ќе им помогнат да направат фантастични фотографии во својот дом, баш како професионалци.

Кога е вистинско време за фотографирање

Во принцип, не постои вистинско време за правење фотографии. Нејзиниот предлог е да почекате да помине триесеттата недела, затоа што вашиот стомак тогаш доволно е голем за да се истакне, а сепак не е преголем.

Што да облечам

Секогаш кога избирате облека, потрудете се таа да не го одвлекува вниманието од целата фотографија. Избегнувајте точки, логоа, премногу силни бои…

Позадина

АКо сакате фотографиите да ги направите во вашиот дом, најдобро е да изберете чист ѕид, едноставни завеси или некоја прекривка. Имајте предвид тоа да биде во близина на поголем прозорец, за да имате и светло кое ви одговара.

Поза

Меху предложува апаратот или телефонот да бидат за нијанса повисоки од вас, за сликата да изгледа „одозгора“. Трудете се рацете да не ви бидат целосно залепени за телото, а рамената малку наместете ги наназад, а рацете држете ги на стомакот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close