Брак

Драг мој мажу, те сакам, но овие неколку работи ужасно ме нервираат

Оваа жена се обидела да го промени сопругот, но не успеала во тоа.

Блогерката и мајка на четири деца, Гретчен Босио, ја споделила својата приказна и открила колку го обожава својот сопруг, но и дека има работи кои многу ја нервираат кај него. Се обидела тоа да го промени, но едноставно не ѝ одело од рака. Ви ги пренесуваме тие работи кои ужасно ја нервираат, но веруваме дека и повеќето жени.

Чорапите ги остава насекаде

Сто пати го замолив чорапите да ги става во кошот со валкани алишта. Но, не, смрдливите чорапи и понатаму се насекаде.

Поминува премногу време во вц-то

Не се спрема, не се тушира и не се бриче, туку седи на вц-школката и врши голема нужда. Но, како успева да го трпи тој мирис? Знам дека вртиш по Инстаграм и Фејсбук, не можеш да ме излажеш!

Секаде остава неред

Кога веќе го споменав бричењето… дали некогаш ти паднало на памет да ги собериш тие мали влакна од? Те молам и благодарам однапред!

Не може ништо да пронајде во продавницата

Зар навистина е толку тешко да се прочитаат знаците на почетокот на секој влез. Или едноставно, прашај ја продавачката.

Викендот се прави дека спие

Знам дека го слушаш детето кога се буди во сабота наутро. Дури и го слушаш како вика; „Тато, тато!“ Но, ти и понатаму си како карпа, не се помрднуваш. Те молам стани со него. Твоите лаги ме полудуваат.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close