Бебе
Начини на кои можете да го поттикнете развојот на вашето бебе во стомакот
Постојат повеќе фактори од секојдневниот живот преку кои можете да му помогнете или одмогнете на бебето
Заштитено, во топло место, опремено со храна – така расте вашето бебе во стомакот. Како во рај. Но, можете ли да направите да му биде уште подобро? Постојат повеќе фактори од секојдневието со помош на кои можете да му помогнете или одмогнете на вашето бебе кога станува збор за неговиот развој.
Зборување од страна на братот/сестрата
Постарите браќа или сестри честопати го допираат стомакот на мајката и зборуваат нешто. Бебето ги прима информациите, го памети гласот и се чувствува сигурно. Бебето памети како звучи гласот на братот или сестрата и го препознава веднаш по раѓањето.
Мајчината рака
Седете на состанок, сконцентрирани на работата и одеднаш се јавува вашето мало бебе во стомакот. Потоа автоматски го милувате стомакот каде што ве допрело бебето. Дури и ако не верувате во природна медицина, знајте дека преку вашата рака бебето прима енергија. Ја чувствува вашата близина и вашето внимание и знае дека ништо не ви е поважно од него.
Музика и хармонија
Не сте љубител на класична музика? Тогаш и Елвис доаѓа во предвид. Неговата песна „Love me tender“ најверојатно еднакво ќе му годи и на бебето. Најважно е да се опуштите, затоа што од тоа вашето бебе има голема корист.
Масажа за мајчините стапала
Сега е времето да го научите вашиот партнер да ви ги масира стапалата. Понекогаш е доволно и само да ви ги милува. Нанесете на рацете малку крем или масло и уживајте.