Дом и семејство
Навики кои ги имаат луѓето чијшто дом е секогаш среден
Кога ќе се свртете и погледнете, како изгледа вашата куќа?
На некои луѓе домот постојано им е среден, а тие најчесто ги имаат следниве навики кои можеби треба и вие да ги испробате.
Секогаш го местат својот кревет
Пред да го започенте денот, наместете си го креветот. Кога сте во брзање, тоа не мора да го правите толку посветено, но убаво да ги наместете перниците и прекривката, сигурно нема да ви одземе многу време. Тоа е околу 20 секунди.
Редовно вклучуваат машина за перење алишта
Кога перете облека по распоред, а не чекате да дојде викенд, ја намалувате можноста вашата бања да биде во хаос и натрупана со нечисти алишта. Кога имате голем куп за перење, значи дека исто толку имате и за пеглање. Затоа, олеснете си себеси и пуштете ја машината за перење барем два пати неделно, а идеално би било 3 до 4 пати.
Наутро испразнете ја машината за перење садови
Можеби оваа активност ја оставате за крајот на денот, меѓутоа, искусните велат дека вадењето садови од машината за миење садови подобро е да го направите наутро. На тој начин си олеснувате за во попладневните часови, кога сите се дома и имате повеќе обврски.
Не оставаат неуредна кујна
Многу пати навечер се чувствуваме уморно и конечно сакаме да завршиме со обврските и да си легнеме во кревет. Меѓутоа, професионалците советуваат за тоа колку и да сте уморни, никогаш да не ја оставате кујната неуедна. Исчистете ги садовите, фрлете ѓубре, избришете го шпоретот.