Дом и семејство
Пет различни раси на кучиња за пет различни карактери
Подготовките за купување и чување на куче е голема одлука, особено ако тоа ви се случува прв пат.
Без разлика дали ќе вдомите или ќе одлучите да купите куче, треба да имате на ум дека секоја раса има различни карактеристики. Еве неколку различни раси на кучиња кои се најдобри според вашиот карактер.
Германски овчар
Овие убави кучиња важат за едни од најверните. Тие се интелигентни, настроени заштитнички и сакаат да му служат на сопственикот што е можно подобро. Совршени се за оние кои можат да се носат со многу одговорности, па им треба некој со кого ќе ги поделат своите „обврски“.
Пекинезер
Можеби изгледаат симпатично и мило, но овие кучиња се самобендисани и самоуверени. Дома сакаат да бидат главни, па ќе ви се наметнуваат во секоја ситуација. Бидете уверени, ќе почне да се однесува добро само кога ќе ја придобиете неговото доверба. Затоа ова куче е совршено за лидери, односно за оние што имаат авторитет во својата околина.
Лабрадор ретривер
Лабрадорите се совршени кучиња за семејство со деца бидејќи се мили, приврзани и емпатични. Но овие големи кучиња обожаваат постојано да се во движење – без разлика дали планирате да одите на плажа, да се качувате на планина или да се прошетате низ вашата населба. Токму затоа лабрадорот ќе биде совршено куче за вас доколку сте спортски тип.
Француски булдог
Можеби се мали по раст, но затоа имаат голем карактер. Неговото намрштено лице не треба да ве превари – во прашање е многу пријателско куче, но со доза на тврдоглавост. Тие се одлични за флексибилни личности кои нема да се изнервираат кога ќе им ги изгризе омилените чевли или креветот и откако ќе биде дресиран и социјализиран.
Сибирска хаска
Совршено куче за оние што времето го минуваат на отворено – особено ако станува збор за постудени предели на повисоките планински места со ниски температури и многу снег. Иако се сметаат за добродушни и послушни, можат да бидат доминантни и бараат многу внимание.