Градинка

3 силни реченици кои мора да ѝ ги кажувате на вашата ќерка барем еднаш неделно

Како да одгледате храбра и самоуверена девојка?

Сите сакаме да одгледаме ќерка која ќе биде полна со самодоверба и горда на себе, но, како да ѝ помогнеме да стигне таму, посебно во свет преполн со предизвици? Доктор Елена Јалоу понудила одговор токму на тоа прашање, составувајќи краток попис на реченици кои родителите мора да им ги изговараат барем еднаш неделно на своите ќерки.

Одлична си, браво, знам дека многу се потруди за ова

Зошто оваа реченица е корисна? Според докторката, девојчињата посебно (но и момчињата општо), имаат страв од неуспех. Оваа фраза им дава до знаење дека се признава нивниот напор, труд и вложеното време, наместо едноставно да се пофали конечниот резултат.

Докторката смета дека така децата ќе имаат повеќе самодоверба, посебно во тешките животни ситуации, а тврди и дека лесно ќе ги прифаќаат предизвиците и ќе учат од нив.

Те сакам

Зошто оваа реченица е важна? Факт е дека родителот го сака своето дете, но тој факт честопати се зема здраво за готово. Изговарањето на овие два збора е најдобриот начин да ѝ помогнете со текот на времето да си ја изгради самодовербата.

Овие два збора упатуваат силна порака која на децата им дава до знаење дека ги поддржувате, се грижите за нив и дека секогаш може да се потпрете на нив. Сигурноста и поддршката се клучни за развој на силна и самоуверена личност.

Изгледаш силно

Коментирањето на изгледот е природна работа, но родителите би требало да бидат сигурни дека пофалбата не е секогаш поврзана со изгледот. Тоа не значи дека никогаш не можете да кажете: Супер, изгледаш убаво и косата ти е прекрасна. Но, важно е да воспоставите рамнотежа.

Докторката смета дека на ќерката мора да ѝ се кажувваат реченици како: Изгледаш силно, изгледаш храбро, изгледаш како може да ги оствариш своите замсисли. Фразите како оваа ја потсетуваат вашата ќерка дека да се биде девојче е многу повеќе од изгледот!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close