Кафе муабет

3 работи кои воопшто не смеете да ги правите во текот на ретроградниот Марс

Прочитајте на што треба да внимавате.

Ретроградните планети во астрологијата може да бидат тешки, но тие се тука за да ни помогнат да се развиеме. Затоа, прочитајте што не би требало да правите во текот на ретроградниот Марс кој трае до 13 ноември 2020 година.

Не поместувајте ги своите граници

Избегнувајте да ги поместувате градниците кои ви предизвикуваат непријатност, затоа што големи се шансите за повреди, несреќи или општа исцрпеност. Можеби ќе забележите одредени физички ограничувања, а во овој период важно е да го одржувате своето тело и да останете хидрирани. Слушајте го вашето дело, избегнувајте ризики и погрижете се за водите поголема сметка за вашето здравје и имунитет.

Не постапувајте импулсивно и не ризикувајте многу

Марс се однесува на преземање акции, па затоа, во текот на неговата ретроградна фаза ќе се чувствувате како да не можете да напредувате и да одите напред. Оваа ретроградност исто така се случува во Овенот, хороскопскиот знак со кој владее Марс.

Иако ќе имате голем притисок да донесете брзи одлуки и избори засновани на моментални реакции, борете се против искушенијата за брза реакција. Одвојте време да размислите за најдобриот пат за вас, а не за она што им одговара на другите.

Не обидувајте се да започнете нови проекти

Во текот на ретроградниот Марс ќе имате помалку амбиции отколку претходно, а сета онаа страст која порано сте ја чувствувале за своите цели, одеднаш може да исчезне. Искористете го овој период повторно да се поврзите со тоа што нависитна го сакате, наместо да се обидувате да напредувате во текот на овој неизвесен период.

Не е време за започнување нови проекти. Темелите треба да ги градите на цврста основа, а тлото во текот на оваа ретроградност е многу нестабилно со сето она што се случува со енергијата.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close