Кафе муабет

11 ГОДИНИ БЕЗ ГОЦЕ АРНАУДОВ – ќерка му емотивно се присети на него…

11 години без легендата на македонската фолк музика...

Не постои човек кој не се сеќава на големиот Гоце Арнаудов – Великанот и легендата на македонската фолк музика.

Фото: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук

Неговите песни – сите до една , хитови кои до ден денес се пеат на скоро сите веселби.

Фото: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година. Тој уште на десет годишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“, со која настапувале низ цела поранешна Југославија. Гоце во Македонија се вратил во 1993 година и за кратко време ги освоил симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествувал предизвикувал еуфорија, а на сите фестивали ги освојувал првите места.

Фото: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук

Напишал над 200 песни. Со неговата безвременска ,,Дали чекаш стара мајчице’’ во 1994 година на Фолк фест Валандово ги освоил сите можни награди.

Фото: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук

Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многупати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколкупати станал сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“.

Фото: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук

Арнаудов почина на 6-ти декември во 2011 година, во болница во Франција каде се лекувал од канцер.

Фото: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук

На македонската верна публика и’ остави хитови кои се пеат до денес.

,,Огин и пламен’’, ,,Ај да беше стрела песнава”’, ,,Дали чекаш стара мајчице”’, ,,Штом ноќта помине”…

Фото: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук

Освен одличен во својата професија, тој беше и сопруг на Силвија, а татко на Харита, синот Оскар и познатата македонсла пејачка Кристина Арнаудова.

Фото:Фејсбук/Харита Арнаудова

Својата најемотивна објава ќерка му Харита ја има напишано една година по смртта на Гоце.

Горда сум и на болката бидејќи е за тебе… Знаеш тато, оној ден кога си замина, не замина и дел од мене со тебе… напротив… само дел од мене остана, се друго отиде….

Со тебе живеев, без тебе преживувам… со тебе се смеев, без тебе сум само насмеана. Со тебе имав се…и без тебе имам се, освен тебе, а тоа малку е. Горда сум на себе, затоа што сум дел од тебе.

Во мене чука твоето срце. Те сакам тато“, напишала Харита на Фејсбук

Фото:Фејсбук/Харита Арнаудова

Кристина, пак е негово вонбрачно дете, која го има наследено талентот од татко си за музика.

Честопати и таа знае да се присети на својот татко па така во едно сеќавање ќе напише:

Фото:Фејсбук/Кристина Арнаудова

– Нема да бидеш заборавен. Не познавав никој со толкава љубов и страст за музиката. Како да живееше само за мигот кога микрофонот ќе го земеше в рака. Никој повеќе нема вака да пее. И тоа вечно ќе ни недостига… Вечна слава. Легендите засекогаш живеат -­ напиша Арнаудова за својот татко.

Фото:Фејсбук/Кристина Арнаудова

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close