Кафе муабет
Џејла Рамовиќ јавно прозборе за врската со Марија Шерифовиќ и ги шокираше сите- Ова е вистината!
Тие се многу добри пријателки...
Младата босанска пејачка Џејла Рамовиќ која се прослави во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ каде ја однесе и победата под менторство а Марија Шерифовиќ вчера за прв пат по бројните шпекулации реши да стави крај на приказните и откри се за односот со пејачката.
Имено Џејла беше гостинка кај Огњен Амиџиќ во емисијата „Амиџи шоу“ каде водителот без влакна на јазикот ја праша дали била во врска со Марија.
– Најмногу ве поврзуваа со Марија Шерифовиќ, која е вистината? – праша Огњен.
– Пишуваа разни наслови. Претпоставувам дека така се чувствувале луѓето, не можеле да ми најдат ништо, па така ја измислиле приказната со Марија со која сум блиска. Таа ми беше ментор, а потоа ја продолживме соработката. Тоа е пријателски однос – објаснила Џејла.
Џејла Рамовиќ е победничка на тринаесеттата сезона на натпреварувањето „Ѕвездите на гранд“, каде нејзин ментор беше Марија Шерифовиќ.
Младата пејачка од Босна и Херцеговина неодамна го објави својот нов сингл наречен „Спарта“, кој пристигнува по двегодишна музичка пауза. Во гостувањето таа откри дека би сакала да сними песна со Марија.
Џејла синоќа откри дека моментално е слободна и дека досега имала само две врски.
За нивниот однос претходно зборуваше и Марија Шерифовиќ.
Имено, пејачката реши да стави крај на одредени приказни кои веќе извесно време кружат во медиумите а потоа да раскаже како стојат работите кога се во прашање парите, пријателствата со познатите личности, па дури и кариерата.
– Во последно време слушам од пријатели дека никој нема самодоверба кога станува збор за почеток на нешто ново. Ги немам овие проблеми, правам чекор и никогаш не чекам, низ смеа изјавила Марија.
Марија во оваа прилика се осврна и на наводната врска со младата пејачка Џејла Рамовиќ, за која често пишуваа некои медиуми. На прашањето каква е нивната врска таа остро одговори.