Кафе муабет
„Џабе ти се сите милиони и вили кога си селанка која сите ја жалат“ – шокантен коментар за Драгана Мирковиќ!
Некои велат дека таа едноставно нема стил и се облекува како „селанка“...
Секој ден се среќаваме со голем број приказни кои го привлекуваат вниманието на јавноста.Пред неколку дена во еден српски медиум беше објавена шокантна информација која изненади многумина и не можеа да поверуваат дека се случило вакво нешто.
Станува збор за пејачка која е многу долго време на музчката сцена и за која се вели дека е една од најголемите пејачки на Балканот.
Имено, станува збор за пејачката Драгана Мирковиќ која е една од најголемите sвезди на Балканот. Меѓутоа, многумина од нејзините обожаватели велат дека таа едноставно нема стил и се облекува како што велат „селанка“.
„Џаве ти се сите милиони и вили кога селото не излегува од тебе! Немаш вкус и стил, гласеше еден од коментарите за пејачката.
Дали е во прашање љубомора?
Но и покрај ваквите коментари кои што оваа пејачка не ретко ги добива од корисниците на социјалните мрежи, вистината е многу поинаква. Имено, еден американски портал неодамна објави дека според заработката во досегашната кариера, Мирковиќ може слободно да им парира на светските ѕвезди, а со тоа да си дозволи што и да посака.
Пејачката со својот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ живее во Виена во раскошен замок за кој како што пишуваа порано медиумите, шеик и понудил 200 милиони евра. Пејачката во својот дом има една посебна просторија во која што ги држи своите награди и трофеи, која што во една пригода и самата ја покажа на својот профил на социјалните мрежи.
„Мојата соба за трофеи и некои од моите драги награди. Сакав да го споделам ова со вас и повторно да ви се заблагодарам што, благодарение на вас, ја носам титулата за најнаградувана пејачка. Ви благодарам многу, ве сакам“ напиша музичката ѕвезда на својот Инстаграм профил.
Во прашање е стара импозантна градба која е под државна заштита, па кога Драгана и нејзиниот сопруг го реновираа замокот мораа да следат пропишана процедура. Инаку, зад оваа градба се крие богата историја – на крајот од 17 век тука престојувала и Марија Тереза, единствената жена владетелка и последната од династијата Хабзбург.
И кога ќе го сумираме сето ова, повеќе од јасно е дека пејачката покрај големиот број обожаватели има и многумина на кои очигледно не им се допаѓа нејзиниот стил и начин на живот, но тоа никому не му дава за право да навредува со погрдни зборови.
И посебно кога станува збор за жена, нели?