Кафе муабет
Ќе останете без здив кога ќе ја видите Јасмина: Погледнете ја сопругата на Дарко Филиповиќ, таа е вистинска убавица (ФОТО)!
Пејачот е горд на неа...
Фолк пејачот Дарко Филиповиќ не се појавува често во медиумите и својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста.
Речиси десет години суперфиналистот од првата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ е во брак со атрактивната Јасмина Филиповиќ.
Поради неговата убава сопруга, на овој пејач му подзавидуваат многу мажи.
Згодната Јасмина цела деценија е во брак со суперфиналистот од првата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, но многу ретко се појавуваат заедно во јавноста.
Позната е како личност која сака провокативни фотографии да објавува на својот Инстаграм профил а мора да признаеме дека е згодна и убава!
Таа не се двоуми да ги покаже своите заносни облини, а никој не е имун на нејзините фотографии.
„Ти кинеш“, „Убава си“, „Колку добро изгледаш“, се само дел од коментарите под нејзините објави.
Да потсетиме, Дарко во 2011 година со Јасмина ја доби ќерката Настја.
Да потсетиме, пејачот беше учесник во првата сезона од популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“ кој по појавувањето во шоуто објави неколку песни кои беа хитови во регионот, но во еден момент реши сите свои пари да ги вложи во бизнис од кој што живее денес.
-Откако влегов во Ѕвездите на Гранд веднаш почнав да вложувам во недвижнини, но во принцип воопшто не работам со недвижности. Вложив во неколку апартмани во Грција, кои ги изнајмувам, и тоа е таа приказна“ го објасни Филиповиќ својот бизнис во една пригода за српските медиуми.
„Не сакам да зборувам за тоа што имам, а што немам. Свесен сум дека луѓето сакаат да го ставаат својот нос во туѓите паричници, но мене никогаш не ме интересирало што прави комшијата и што поседува. За сé што имам заработено стои долгогодишна крвава работа. Ништо не ми падна од небото“, изјави Дарко во една пригода за српскиот портал „Ало“ и додаде дека неговите апартмани кои сега ги рента се оддалечени околу 15 километри од Солун.
Инаку Дарко покрај овие два апартмана, има и три стана во Белград, а како што пренесуваат српските медиуми пејачот заедно со својата сопруга и ќерката Настја живее во стан со седум соби додека другите два ги издава.
Дарко се уште добро заработува од песната „Она, она“ која што ја објави пред 15 години. Популарноста му овозможи со години да настапува секој викенд во регионот и во странство, а пејачот парите што ги заработуваше не ги вложуваше во нови песни, туку само во недвижности. Заради тоа како што пренесуваат медиумите, тој трпи критики како од фановите, така и од Гранд продукција, каде што своевремено беше ексклузивец.