Кафе муабет
Ќе ви надојдат солзи! Анастасија Ражнатовиќ му испрати емотивна порака на бившиот седум дена по раскинувањето!
Многумина мислеа дека ќе завршат пред олтар...
Анастасија Ражнатовиќ му испрати порака на своето поранешно момче Ѓорѓе, седум дена откако во медиумите одекна веста за нивното раскинување.
Како бомба одекна веста за раскинувањето на петгодишната врска на Анастасија Ражнатовиќ. Многумина шпекулираа за причината за раскинувањето, но убавата пејачка откри дека нема сензационализам во нивната разделба.
Сепак, седум дена откако стави точка на долгогодишната романса, Анастасија Ражнатовиќ во емисија во живо му испрати скриена порака на своето поранешно момче.
Имено, како гостин во емисијата на Огњен Амдижиќ, Таша ја испеа песната на групата „Зана“ „Ozenices se ti“ и многумина ги препознаа стиховите по што коментираа дека зборовите на споменатата песна многу лесно би можеле да се протолкуваат како порака испратена до нејзиниот поранешен избраник Ѓорѓе Куљиќ.
Имено, Анастасија имала 18 години кога го запознала и се заљубила во него па многумина предвидуваа заминување пред олтарот.
– Се разделивме спогодбено. Помирување? Никогаш не вели никогаш, кој знае што може да се случи. Сите мислеа дека ќе се венчаме, па луѓето беа изненадени од веста дека раскинавме. Немаше ништо бомбастично, сфативме дека е подобро да се стави крај на романсата – изјавила Анастасија.
-Многумина, вклучително и медиумите, ме притискаа „кога свадба, кога свадба“. Сфатив дека сè уште не сум подготвена за деца. Има многу жртви, има многу одговорност. Не е време, полека. Сега сум во форма – не ми треба никој во моментов, само да бидам малку сама, да се посветам на кариерата.
Имено како што пренесоа медиумите наводно причина за крајот на врската било тоа што се помалку време поминувале заедно во Србија поради одвоени патувања и деловни обврски.
Раскинувањето е прашање на заеднички договор меѓу Анастасија и нејзиното момче, а не е поради постоење на трети лица – Анастасија и Ѓорѓе раскинаа на крајно пријателски начин. Во оваа прилика Анастасија нема да дава ниту изјави за јавноста.
Како што дознава Курир од изворот, Ѓорѓе отсега ќе живее во дуплексот на Дорчола каде што живееја заедно, додека Анастасија се вселила кај нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ.
Да потсетиме, тие за овој луксузен стан платиле неверојатни 750.000 евра. Нивното љубовно гнездо зафаќало дури 200 метри квадратни, а станот се наоѓа во нова зграда, на скапа локација кај Калемегдан.
-Купиле два стана од 100 квадрати кои се наоѓаат еден над друг и направиле дуплекс. Имаат пет спални соби, неколку бањи и огромна дневна соба, како и стаклена тераса. Мебелот го избраа одамна, ја реновираа кујната и сега уживаат – изјави неодамна извор за медиумите.
Нивните соседи биле големи српски имиња, а меѓу нив бил и актерот Милош Биковиќ.