Кафе муабет
ЌЕ ВИ ГО СТОПИ СРЦЕТО: Софија Милошевиќ објави преслатка фотографија и за прв пат го покажа јавно второто синче!
Ужива во мајчинството...
Атрактивната српска манекенка Софија Милошевиќ ужива во љубовта со фудбалерот Лука Јовиќ.
Парот неодамна го доби второто дете, момчето на кое му го дадоа името Теодор.
Манекенката набрзо по породувањето им се врати на вообичаените активности, а на својот Инстаграм профил во последно време привлекува големо внимание поради виткиот изглед само два месеци по породувањето.
Таа со последната објава ги разнежни сите фанови и за прв пат го покажа малиот Теодор.
Таа позираше со своите синови кои ги облече во дресови на клубот во кој игра нивниот татко.
View this post on Instagram
Фотографијата набрзо собра голем број лајкови, а еден по друг следеа позитивни коментари.
-Се уште доаѓаме на себе, но најважно е дека јас и бебето сме добро и се помина во најдобар ред. Јас и Лука сме пресреќни што родив уште едно прекрасно и здраво момче и што по втор пат се реализирав во улогата на мајка. Не успевам да одговорам на сите пораки и честитки, се трудам да уживам во моментот, но благодарна сум за сета поддршка што ја добивме – истакна манекенката по породувањето.
Таа и Лука веќе го имаат синот Алексеј, а манекенката истакнува дека би сакала да има девојче.
Како што еднаш изјави Лука, тој и Софија планираат свадба во Белград и сакаат големо семејство.
За потсетување, Софија ја поврзуваа со сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ.
Имено во медиумите на големо се пишуваше дека тој и го простил неверството на Карлеуша со Огњен Вранеш токму поради неговата афера со Софија Милошевиќ која воедно е и многу добра пријателка на Карлеуша.
Ваквите вести за наводната врска со Душко, Софија ги демантираше…